Можеби мислите дека само негативните луѓе се токсични, но ова не важи секогаш. Речиси сигурно познавате личност која навидум ви го посакува најдоброто, но која се разочарува кога ќе постигнете нешто. Ова е личност која сигурно не ви е потребна во животот.
Постојат и оние луѓе кои се однесуваат како да знаат сè, а токму со ова однесување им наштетуваат на другите.
Бидејќи токсични можат да бидат и луѓето кои изгледаат како најдобри, добро би било да знаете како да ги разликувате.
Луѓе кои секогаш имаат свое мислење
Иако е добро да имате свое мислење и да се држите до него, овие луѓе се однесуваат како нивното мислење да е најважно.
Неретко, овие луѓе даваат совет и мислење дури и кога нема никаква потреба од тоа. Тие ретко размислуваат за туѓите чувства и не им е грижа дали ќе повредат некој со нивните забелешки.
Озборувачи
Одвреме-навреме, сите сакаме да озборуваме, но на овие луѓе најважен им е туѓиот живот.
Проблемот е што постојаното озборување може да биде извор на многу негативност и да ви ја промени перцепцијата кон животот.
Имајте на ум дека личноста која озборува пред вас, најверојатно ве озборува и вам. Па, внимавајте што споделувате со овие луѓе.
Нарциси
Некои луѓе умеат секој разговор да го направат за нив. Овие „нарциси“ сакаат да се во центарот на вниманието, и ќе направат сè за да го постигнат тоа.
Нормално е да сакате да зборувате за себе, но после разговорот со овие луѓе, ќе се чувствувате празно. Тие ќе го занемаруваат она што сте го кажале и ќе го искористат разговорот за да си го „наполнат“ егото.
Емоционални вампири
Дали сте почувствувале дека некој ви ја истрошил целата енергија само со зборување? Овие луѓе се познати како емоционални вампири и најчесто се манипулатори.
Тие се „хранат“ од негативните емоции и лесно можат да ве доминираат. Проблемот е што вие нема воопшто да бидете свесни за ова.
Доколку постојано се чувствувате депресивно и анксиозно после разговорот со некоја личност, можеби треба да ја тргнете од вашиот живот.
Луѓе кои сакаат драма
Овие луѓе се експерти за наоѓање проблеми, дури и онаму каде што ги нема.
Прават вистинска драма и од најмалите проблеми, па навистина е тешко да се справите со нив.
Овие луѓе секогаш ќе ве вовлекуваат во нивните проблеми, па дури и ќе направат да се чувствувате одговорно за нив.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден