во , ,

11 Илустрации кои докажуваат дека луѓето денес како да подзаборавиле да уживаат во животот

AdMe.ru создадоа илустрации кои покажуваат дека денешните генерации забораваат како да уживаат во животот.

Неодамнешни истражувања покажале дека нивото на среќа кај луѓето постојано опаѓа, а тоа се случувало дури и пред пандемијата со КОВИД-19. „Постојано брзаме да стигнеме некаде, постојано апсорбираме непотребни информации и сè помалку комуницираме со семејството и пријателите. Се чини дека дојде време да застанеме и да размислиме каде трчаме“ – пишуваат од сајтот.

Со слушалки се оградивме од природата, од црцорењето на птиците и шумолењето на лисјата.

Тешко ни е да седиме на едно место. Дали и вашиот одмор се има претворено во трка низ градовите и државите, а по него повторно имате потреба од одмор?

Брзаме од една активност на друга и забораваме да уживаме во малите радости, во кои е скриена среќата. Штета, што тоа им го пренесуваме и на децата.

Минатите генерации сонуваа за една играчка годишно. Денешните деца имаат сè што ќе посакаат, но тоа не им носи радост.

Се сеќавате ли кога се собиравте со целото семејство за да гледате серија?

Ги викавме пријателите од дома за да се дружиме. Сега, имаме телефони, но не се собираме.

За нашите родители, одењето во фото-студио беше возбудлив настан. Денес, нашите телефони се блокирани од фотографии.

Порано, посакуваното писмо го чекавме со месеци. Денес не ни сакаме да ги прочитаме пораките што ни пристигнуваат.

Многумина не се ни сеќаваат на времето кога целото семејство навечер се собираше дома и никој не ги довршуваше заостанатите работни обврски…

…Сега пиењето чај или кафе се сведе на пешачење со чаша в рака во обид да се стигне навреме на некое место.

Денес самоподобрувањето стана сечиј приоритет, па дури и учениците сакаат да бидат успешни и богати. Никој нема време само да чита книга.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Гестот на оваа мачка ги воодушеви корисниците на Редит кои се прашуваат: „Дали е ова можно?“

Полицијата ги запрела, а потоа „армија“ луѓе почнала да излегува од автомобилот