Иако можеби некои од овие правила се стари, тоа не значи дека веќе не треба да се почитуваат бидејќи културата нема рок на траење.
Сигурно голем дел од нив сте ги слушнале веќе 100 пати, но никогаш не е лошо да се повторат правилата кои треба да ви бидат врежани засекогаш во глава.
Вашата баба би се гордеела ако ги применувате следниве правила на однесување:
Не ја ставајте чантата на маса, ниту на земја
Кога одите во кафуле или ресторан, независно дали е мала или голема чантата, никогаш не ја ставајте на маса, ниту пак на земја. Истото важи и за очилата за сонце, телефонот и клучевите. Чантата стои на столче, а сите додатоци во неа.
Ако сакате да се чешлате или шминкате – не фаќајте место пред мијалник
Кога сте во јавен тоалет, но само за да си го поправите изгледот и шминката, не застанувајте пред огледалото на место каде има мијалник. Имајте обѕир кон другите луѓе кои чекаат да измијат раце, додека вие се чешлате…
Не раскинувајте преку порака
Забрането. Важните работи се разговараат во живо, посебно кога станува збор за раскинување врска.
Секогаш пишувајте известување кога доцните
Треба да бидете свесни дека е некултурно да не го почитувате туѓото време и да оставите некој да ве чека, посебно без известување. Кога знаете дека ќе задоцните, одвојте 20 секунди да пишете порака.
Тргнете ги електронските уреди додека јадете
Независно дали сте во ресторан или дома, поминувајте ги оброците без да бидете фокусирани на мобилниот, посебно кога сте во нечие друштво. Зошто воопшто излегувате со некого ако планирате времето да го поминете на телефон?
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден