во , ,

12 Корисници на TikTok споделуваат необични факти за нивните држави

Во Кина, луѓето носат заштитна маска уште пред пандемијата, во Бразил се опседнати со орална хигиена, а во Словачка чуваат живи риби во кадата пред Божиќ.

Тиктокерот Наср е роден во Сирија, но пораснал во Канада, па поради тоа се соочил со многу различни култури, навики и традиции.

Имајќи го ова на ум, тој им поставил предизвик на другите TikTоk корисници – да споделат некој факт за животот во нивната држава, што ќе им звучи бизарно на луѓето од другите земји.

Во видеото, Наср споделува дека во Канада се продава млеко во кеса. Додека ние можеби се сеќаваме на периодот кога и кај нас се продаваше млеко во ваква амбалажа, за многу луѓе ширум светот, ова е навистина чудно.

Погледнете какви забавни факти споделиле другите TikTоk корисници:

Азија: Жителите носат заштитна маска уште пред пандемијата

Во азиските држави, како Јапонија и Кина, уште пред пандемијата болните луѓе носеа маски за да не заразат некој друг.

Норвешка: Родителите ги оставаат децата на попладневна дремка надвор во количка, дури и кога е многу студено

Финска: Повеќето жители имаат сауна во својот дом

Словачка: Луѓето чуваат риби во кадата пред Божиќ

„Купуваме живи риби, па ги оставаме неколку денови во кадата пред да ги изедеме“.

Ирска: Ако мајката на вашиот пријател ви понуди храна, треба да ја одбиете неколкупати, па дури потоа да прифатите

Данска: Ако не стапите во брак до 25-иот роденден, пријателите ќе ве заврзат за дрво и ќе фрлаат цимет кон вас (не го пробувајте ова, може да биде опасно)

Швајцарија: Сè треба да биде преведено на три јазици

„Овде се зборуваат германски, француски, италијански и, поретко, реторомански јазик. Ако имате каков било бизнис, вашиот веб-сајт, брошурите и слично, треба да бидат достапни на најмалку три јазици. Во некои мали села, и во кино-салите има по три преводи на филмовите кои го зафаќаат половина платно“.

Шведска: Во зима, речиси сите ги разладуваат пијачките во снегот

Русија: Жителите можат да имаат два пасоши

„Едниот е само за во државата, нешто како личната карта во другите држави. Вториот е интернационален пасош, и ако сакате да извадите, треба да платите околу 70 евра“.

Шведска: На Гугл можете да најдете лични податоци за секој жител, и тоа неговата адреса, каков автомобил вози, колку заработува…

Бразил: Повеќето луѓе се опседнати со орална хигиена

„Кај нас често ќе видите како луѓето си ги мијат забите во јавен тоалет или на работа. Покрај тоа, јадеме пица со нож и виљушка“.

Аргентина: Кога ќе дипломирате, семејството и пријателите прославуваат така што фрлаат јајца, брашно, масло, генерално храна, врз вас

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 Реални ситуации во кои ќе ја пронајдете својата баба

Како изгледа VS. Како навистина е: Германка ги исмејува монтираните фотки за на Инстаграм