во ,

12 Работи кои ги учиме кога ќе влеземе во 30-тите, низ илустрации

Учиме дека не треба да имаме доверба во тие што ни ветуваат планини, туку во тие што ни даваат мали ветувања, но задолжително ги исполнуваат.

Колку се различни 20 годишниците и 30 годишниците? Дали кај себе забележавте разлики во однесувањето како минуваат годините?

Докази дека не е исто да имаш 20 и 30 години:

Со годините сфаќаме дека практичните подароци не се ужасни, туку се корисна работа во животот.

Кога купуваме повеќе не гледаме само убавина, туку и комфор.

Сфаќаме дека тие што нѐ повредиле еднаш, ќе нѐ повредат повторно и не чекаме да сфатат дека нѐ сакаат, туку си заминуваме.

При патувањата комфорот ни станува најважен и не штедиме на хотел со добри услови, треба да се одмориме за целата година која ни претстои.

Сфаќаме дека родителите речиси секогаш се во право.

Учиме дека не треба да имаме доверба во тие што ни ветуваат планини, туку во тие што ни даваат мали ветувања, но задолжително ги исполнуваат.

Сфаќаме дека на плажа секој си ја гледа својата работа и никој не се оптоварува дали ние имаме некој килограм плус.

Учиме да кажуваме „не“ и да го ставаме своето добро на прво место.

Откриваме дека животот е прекраток за да штедиме на некои работи како добро кафе, убава долна облека и квалитетна постелнина.

Сфаќаме дека астрактните говори не се знак на интелигенција, туку дека вистински интелигентните луѓе можат и најкомплексната работа да ја објаснат со прости зборови за сите да разберат.

Дознаваме дека пријател кој ги озборува другите не е добар пријател, затоа што сигурно нѐ озборува и нас.

Сфаќаме дека убавината на партнерот е минлива, а клучна е поддршката што ни ја дава, взаемното разбирање и тоа дали нѐ прави среќни.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 Предмети што треба да ги чистите секојдневно, а не го правите тоа

23 Фотографии ја покажуваат чудна опседнатост на Русите со тенкови