во , ,

12 Трикови што треба да ги знаете – ќе ви го олеснат секојдневието

Трик 1: За да не ви се „распадне“ кашкавалот додека го рендате, прво ставете го во замрзнувач. Трик 2: Ако немате звучник, ставете го телефонот во длабока чинија која ќе го засили звукот. Неколку трикови за сè и сешто што ќе ви се најдат во секојдневието.

Постојат мали проблеми со кои се соочуваме скоро сите. Иако овие проблеми се далеку од сериозни, сепак можат да бидат иритирачки.

Во продолжение 12 трикови за секојдневните проблеми:

Ако ви падне телефонот од раце, не пробувајте да го фатите бидејќи веројатно нема да успеете. Наместо тоа потрудете се да падне врз вашето стапало – вака шансите да се скрши се многу помали.

Ако одите на планинарење сами, на непознато место, за да не залутате многу, почнете да се враќате назад кога ќе испиете половина од водата што ја носите. Со ова ќе се осигурате дека нема да останете сами и без вода среде планина.

Немојте да ги миете печурките бидејќи апсорбираат многу вода, а ова ќе влијае врз вкусот. Наместо тоа, темелно избришете ги со влажен хартиен бришач.

Ако позајмувате нешто на некого (и не сте сигурни дека ќе ви го врати), фотографирајте го пред да му го дадете. Кога ќе ја видите фотката, ќе се потсетите дека треба да си го побарате предметот назад.

Ако ви падне парче лушпа во јајцето, најлесно ќе ја извадите со поголем дел од лушпата од јајцето, наместо со виљушка или прст.

Пред да одите на настан со многу луѓе со вашите деца, фотографирајте ги со облеката што ќе ја носат. Во случај да се изгубат, ќе можете да ја покажете фотографијата на другите.

Кога готвите и ви се чини дека нешто недостасува, но не е сол, додајте нешто кисело, како лимон или оцет. Веднаш ќе забележите разлика во вкусот.

За да го спречите заплеткувањето на ланчињата, чувајте ги во сламка, како на фотографијата десно.

Ако немате звучник, ставете го телефонот во длабока чинија, со звучникот свртен надолу. Поради формата, длабоката чинија ќе го засили звукот.

Немојте да ја фрлате обвивката од путерот – на неа има остатоци од путер кои се сосема доволна количина за премачкување тави.

Кога сте на интервју за работа, не одбивајте чаша вода. Во случај да ви постават тешко прашање за кое треба да размислите, напијте се од водата додека го смислувате одговорот.

За да не ви се „распадне“ кашкавалот додека го рендате, ставете го 30-тина минути во замрзнувач.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 Фотографии кои ќе направат перфекционистот во вас да се чувствува добро

11 Фото докази како времето сурово влијае врз предметите