во

12 цитати од Херман Хесе кои ќе ви го сменат погледот кон животот: „Среќни сме само тогаш кога од утрешниот ден не бараме ништо“

Херман Хесе беше германски писател, поет и сликар. Роден на 2 јули 1877 година во градот Калв, а остана запаметен како по бројните дела, така и по своите генијални животни лекции кои и денес се цитираат.

Ова се дел од нив:

1. Доколку некого мразиме, тогаш во неговиот лик го мразите тоа што е всадено во нас самите. Тоа што не е во нас самите, тоа нè возбудува.

2. Среќни сме само тогаш кога од утрешниот ден ништо не бараме, а од денешниот со благодарност го примаме тоа што ни го носи.

3. Љубовта не постои за да нè направи среќни. Јас верувам дека постои за да ни покаже колку може да издржиме.

4. Како што стареев така сè помалку ме исполнуваа ситните задоволства кои животот ми ги даваше и сè појасно сфаќав каде треба да ги барам вистинските извори на радост и смисла.

5. Херој е оној кој има храброст да се соочи со својата судбина.

6. Луѓето кои имаат храброст и карактер на другите луѓе секогаш не им се драги.

7. Но, среќата секогаш беше таму каде некој умееше да сака и живееше за своите чувства. Доколу ги негува, не ги гази и потиснува, тие му носеа задоволство.

8. Патењето предизвикува болка само затоа што се плашиш. Тоа те прогонува затоа што се плашиш од него.

9. Твоето мразење е тоа што ти нанесува болка и ништо друго. Патењето не е патење, смртта не е смрт доколку ти не ги направиш такви.

10. Сериозноста настанува поради преценување на времето. Но, во вечноста на времето не постои, вечноста е само момент доволен за една шега. Светот е убав кога се набљудува без желба за трагање, едноставно онака како што тоа го прави едно дете.

11. Не е наша цел да станеме како другите, потребно е меѓусебно да се разликуваме, да научиме да ги гледаме поразлично луѓето околу себе и да ги почитуваме поради тоа што се.

12. Во душата го имаме сето она што некогаш живеело во човечките души. Сите Богови и ѓаволи кои некогаш постоеле, сите тие се наоѓаат во нас. Тука се како можности, како желби, како излези.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Јапонски бренд создаде очила кои го прекриваат целото лице

17 Илустрации покажуваат како ќе изгледаат Барби и Кен доколку би живееле во Советскиот Сојуз