Дали и вас ве нервира кога патниците во автобус слушаат музика без слушалки, или кога на некој ќе му покажете слика од телефон, а тој ќе продолжи да си врти низ галеријата?
Луѓето прават многу некултурни работи кои ни одат на нерви, а ако сите внимаваат на ова, комуникацијата и разбирањето помеѓу луѓето би било многу полесно.
Постојат одредени непишани правила за соодветно однесување кои малкумина ги почитуваат, но сите се сложуваме дека треба да станат официјално „закони“.
Се согласувате ли дека следниве непишани правила треба да станат официјални закони и да почнат да се применуваат?
1. Ако некој ви покаже фотографија во телефон, не продолжувајте да си ги вртите другите фотографии без дозвола.
2. Не запросувајте на туѓа свадба.
3. Ако позајмите едно исто нешто од некого, значи дека е време да си купите свое.
4. Ако сте откажале заеднички план со пријател, ваша задача е да договорите повторна средба.
5. Не се фокусирајте само на недостатоците во изгледот на другите луѓе и не ги судете.
6. Не им дозволувајте на пријателите да возат пијани.
7. Не ја оставајте количката за пазарење среде премин во маркет.
8. Ако сакате да слушате музика или да гледате видеа додека сте во јавен превоз, користете слушалки.
9. Почитувајте го туѓиот личен простор, не сите сакаат да бидат физички блиски со непознати.
10. Ако личноста има уште една гума за џвакање, цигара, колаче и слично, не барајте да ви го даде на вас.
11. Ако некој прави нешто што му дава самодоверба и го радува, што на вас ви е чудно, но не штети никому, оставете го на мир да прави што сака.
12. Никогаш не ѝ кажувајте на ненашминкана жена дека изгледа изморено.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден