во ,

12 непишани правила за кои сите ќе се сложиме дека треба да се претворат во закони

Дали и вас ве нервира кога патниците во автобус слушаат музика без слушалки, или кога на некој ќе му покажете слика од телефон, а тој ќе продолжи да си врти низ галеријата?

Луѓето прават многу некултурни работи кои ни одат на нерви, а ако сите внимаваат на ова, комуникацијата и разбирањето помеѓу луѓето би било многу полесно.

Постојат одредени непишани правила за соодветно однесување кои малкумина ги почитуваат, но сите се сложуваме дека треба да станат официјално „закони“.

Се согласувате ли дека следниве непишани правила треба да станат официјални закони и да почнат да се применуваат?

1. Ако некој ви покаже фотографија во телефон, не продолжувајте да си ги вртите другите фотографии без дозвола.

2. Не запросувајте на туѓа свадба.

3. Ако позајмите едно исто нешто од некого, значи дека е време да си купите свое.

4. Ако сте откажале заеднички план со пријател, ваша задача е да договорите повторна средба.

5. Не се фокусирајте само на недостатоците во изгледот на другите луѓе и не ги судете.

6. Не им дозволувајте на пријателите да возат пијани.

7. Не ја оставајте количката за пазарење среде премин во маркет.

8. Ако сакате да слушате музика или да гледате видеа додека сте во јавен превоз, користете слушалки.

9. Почитувајте го туѓиот личен простор, не сите сакаат да бидат физички блиски со непознати.

10. Ако личноста има уште една гума за џвакање, цигара, колаче и слично, не барајте да ви го даде на вас.

11. Ако некој прави нешто што му дава самодоверба и го радува, што на вас ви е чудно, но не штети никому, оставете го на мир да прави што сака.

12. Никогаш не ѝ кажувајте на ненашминкана жена дека изгледа изморено.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 Бизарни работи од минатото кои денес ги сметаме за нормални

15 Фотографии кои го измамија целиот интернет