во , ,

12 работи што ги мразевме во детството, но како возрасни ги сакаме

Она што ни било неподносливо, па дури и сме го мразеле, подоцна во животот го гледаме како вистински благослов.

Во продолжение погледнете неколку забавни илустрации што одлично го прикажуваат овој „феномен“:

Некогаш маслинките беа најлошата храна, но сега се одличен додаток во речиси секој оброк.

Легнувањето рано беше најголемата казна. Сега сме благодарни ако успееме да заспиеме во разумно време.

Постојаното мрдање и додевањето на родителите беа неизбежни делови од долгите патувања. Сега, овие патувања се одлична можност да посветиме малку време за себе.

Фризерските салони беа причина за стрес, а сега, пак, ни помагаат да се релаксираме.

Во детството, здравата храна не ни изгледаше привлечна како сега.

Ако некогаш најважен бил изгледот, денес повеќе се грижиме за удобноста.

Помладата сестра повеќе не е најдосадната личност, туку најдобрата пријателка.

Одењето во село и во природа стана многу поинтересно.

Во детството се радувавме кога добивавме подароци. Сега сме посреќни ако ние подариме нешто.

Останувањето дома некогаш беше казна. Денес е благослов.

Дремката после ручек е причина за радост, а не фрустрација, како во градинка.

За празниците најмногу ѝ се радувавме на храната, но сега уживаме во целиот празничен период.

За жал, пеглањето засекогаш ќе остане досадна активност.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Итар Пејо ја нашол волшебната ламба. Ја протрил и од неа излегол дух…

Колку ви должам?