во , ,

13 Практични детали од јапонските домови што ќе ги посакате и кај вас

Систем за вентилација што ја загрева бањата, домофон со камера, корпа за отпадоци за неколку видови отпад – се чини дека дизајнерите на јапонските домови обрнуваат внимание и на најситните детали и потреби.

Навистина не постои држава како Јапонија, без разлика дали станува збор за културата, животниот стил или начинот на исхрана. На Јапонците најважна им е практичноста, а бидејќи неретко нивните домови се мали, тие умешно го користат секој дел од просториите.

Погледнете неколку практични детали од јапонските домови што сигурно ќе ги посакате и кај нас (иако некои веќе ги има но поретко):

Посебна текстура за подот во бањата

Скоро сите ставаме плочки на подот во бањата, но во Јапонија бањите и тоалетите се обложени со материјал со ребреста структура кој го намалува ризикот од лизгање и паѓање.

Копче за затнување на кадата

Во јапонските кади има инсталирано посебно копче со кое можете да го затнете или одзатнете одводот.

Усовршен систем за вентилација

Системот за вентилација во јапонските тоалети не само што ја отстранува влагата од просторијата, туку има и посебна функција која овозможува да ја сушите облеката во бањата. Истовремено, системот за вентилација се користи и за затоплување на бањата, а сите опции можат да се контролираат со тајмер.

Огромен мијалник

Мијалникот во јапонските бањи е огромен и Јапонците не го користат само за миење раце – неретко во него перат и облека.

Уред против замаглување на огледалото

Огледалата во јапонските бањи имаат посебен уред што ги загрева и со тоа го спречува замаглувањето додека се тушираат.

Посебно поштенско сандаче пред секој стан

Овие поштенски сандачиња се инсталираат на влезната врата и најчесто се користат за известувања од доставувачи. Односно, кога во станот нема никој, а доставувачот треба да остави поголема пратка, во сандачето остава известување, за сопствениците да знаат дека треба да си ја подигнат пратката.

Домофон со камера

Домофоните не се ништо ново, но во повеќето јапонски домови овие уреди имаат и камера, додека кај нас не се толку чест случај.

Посебна полица за кујнски апарати

За да заштедат простор, Јапонците ги чуваат кујнските апарати како тостер, машина за кафе и слично на посебна полица, која по потреба можат да ја извлечат како фиока. На задниот дел има и штекери за да се приклучат апаратите.

Посебен дел во рерната за риба

Рибата е еден од најпопуларните деликатеси во Јапонија, па во јапонските рерни има посебен дел само за нејзино приготвување.

Држачи за тави наместо ракавици

Кога вадиме нешто од рерна, обично користиме ракавици или крпа, но Јапонците имаат посебни држачи за оваа намена, кои дефинитивно изгледаат многу побезбедно.

Шпорет со батерии

Во јапонските кујни доста често ќе најдете и шпорет или мала рерна кои работат на батерии.

Вградена корпа за отпадоци

Јапонците го рециклираат нивниот отпад, па во кујната имаат вградено корпи за неколку разни видови отпад, како пластика, стакло и хартија.

Аспиратор со полица

Уште една одлична идеја за максимално искористување на просторот. Јапонските аспиратори служат и како полици, па на нив можете да ги ставите зачините и продуктите што ги користите најчесто при готвење.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Каква трансформација! Снимка од потстрижување на напуштено куче го освои интернетот

9 Популарни парови кои не можат да се „одлепат“ еден од друг