во ,

13 Фотографии докажуваат дека никогаш нема да се чувствувате здодевно со домашно милениче

Иако имаат потполно различни карактери, и мачките и кучињата можат многу да се приврзат за нивните сопственици и почнуваат да ги следат буквално насекаде – од кујната, па сè до тоалетот.

Ако, пак, им е здодевно, знаат како да ве натераат да им обрнете внимание, а ако јадете нешто, тешко дека ќе ве остават на мир.

Самотијата навистина не постои ако имате мачка или куче, а следниве фотографии одлично го покажуваат тоа:

Доволно е само случајно да тропнете со нешто во кујната за да дојдат по вас

Верно ќе ве следат во тоалет и додека се мали, но и откако ќе пораснат

Не можете да се скриете никаде ако јадете нешто

Секогаш ќе имате друштво додека се подготвувате за работа

Очигледно, тоалетот им е омиленото место за дружба со вас

Сакаат да бидат дел од вашите хобија

А, сакаат и да ве гледаат осудувачки ако им го задоцните оброкот

Секое утро ќе се будите со оваа глетка

Секогаш ќе имате „помош“ и за најдосадните домашни обврски

Неретко нема да ви дозволуваат да работите бидејќи сакаат внимание

Ако ги заборавите надвор ќе направат вистинска драма

Не им е грижа ако се во вашиот личен простор

И, секогаш со нетрпение ќе чекаат да си дојдете дома

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

9 Споредби на амбалажата на продуктите од познатите брендови: Некогаш VS. Денес

Зошто си тажен?