во ,

13 Работи кои келнерите сакаат да престанете да ги правите

Келнерите во кафулињата и рестораните се тука за да ви понудат најдобра услуга.

Но, понекогаш луѓето не го ценат тоа и мислат дека тие се нивни робови кои треба да им слугуваат на безобразно командување.

Иако мора да останат културни со вас, сепак вработените во угостителски локали откриваат кои се работите кои ги нервираат.

Тие споделуваат што сакаат да престанете да правите кога сте гостин во локалите:

1. Да седнувате сами без да прашате никого дали е слободно.

2. Да им дозволувате на децата да трчаат наоколу, да ги вознемируваат гостите, и да им попречуваат во работата.

3. Да оставате мал бакшиш, посебно ако причината е долго чекање на храна (запомнете дека не секогаш келнерите се виновни).

4. Да бидете некултурни кога предолго чекате храна или пијалак – најчесто е вина на куварот или шанкерот.

5. Да „пукате“ со прстите или да ги допирате за да им привлечете внимание и да ги викнете на вашата маса.

6. Да барате замена за сите состојки во јадењето, што се претвора во сосема друго јадење.

7. Да мислите дека сте единствената маса која ја служат и дека треба да бидат достапни во секоја секунда.

8. Да заборавате дека и келнерите се луѓе кои имаат чувства и не може да им викате или да ги омаловажувате.

9. Им подавате повеќе празни чинии од чаши од што можат да носат и очекувате да земат сè.

10. Да кажувате „Се знам со газдата“ за да добиете бесплатни услуги.

11. Да се жалите за цените – ако не ви одговараат, не седете таму, не ги измислуваат келнерите.

12. Да престанете да  одбивате да станете откако келнерот културно ќе ви каже дека локалот треба да се затвори и ви дале сметка.

13. Да ги оставате сите лични работи на масата и да не правите место кога доаѓа уште храна.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 Илустрации за проблемите на Високите VS. Ниските девојки

Како тоа петмина вративте во живот?