во , ,

14 Демоде работи од домот од кои треба да се ослободите веднаш

Трпезариска маса со „Г“ клупа – нѐ враќа во минатата ера. Сет пластични аксесоари за во тоалет – воопшто не изгледаат стилски.

Во домот и најмалите детали може да ви го уништат внимателно уредениот ентериер.

Купи Маица

Кога работите стануваат демоде, дефинтивино треба да се ослободите од нив.

Работи од домот од кои треба се ослободите:

Гумена прекривка за во кујнскиот мијалник за да не се чука и оштетува површината од садовите

Денес има мијалници од современи материјали кои се многу поиздржливи, па нема потреба од гумена прекривка.

Обична кофа претворена во корпа за отпадоци – ниту е практична, ниту изгледа добро

Сет пластични аксесоари за во тоалет – воопшто не изгледаат стилски

Застарен модел на лустер – осветлувањето во домот е од клучна важност

Кружен кревет – непрактично парче мебел кое треба да се остави во минатото

Завеси во тоалетот – заменете ги со современи стаклени структури

Трпезариска маса со „Г“ клупа – изгледа старовремски и нѐ враќа во минатата ера

Декоративен „лажен“ камин – денес се цени природноста, едноставноста и ваквите „финти“ во уредувањето не се потребни

Кожена гарнитура – скапа е, не е удобна за седење, се лепи на кожата, а изгледа многу лошо по кусо време на користење ако не е од добар квалитет

Мека или дрвена даска за седење на тоалетната шолја – не се хигиенски и изгледаат старовремски

Мирсливи свеќи со гел и фигури во него – одберете поедноставна алтернатива

Стари или нови неквалитетни врати – вратите кажуваат многу за вашиот статус, па вреди да инвестирате во нив

Старо канцелариско столче – тоа се деформира со текот на времето, некофморно е и изгледа лошо, инвестирајте во ново

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3-те Типови на најретки луѓе во светот: Кои се нивните особини?

Трпе, имам чувство дека сакаш да ме искористиш!