во ,

14 нешта што никогаш не би требало да ги порачувате во ресторан

Веројатно не сте помислиле да истражувате за рестораните што ги посетувате најчесто. Обично кога порачувате храна или пијалаци, имате целосна доверба во готвачите и келнерите. Сепак, важно е да знаете некои работи за следниот пат кога ќе јадете надвор. Па погледнете зошто не би требало да ги порачувате следниве нешта.

1. Пијалаци со бесплатно надополнување

Доколку не планирате да пиете ништо друго освен кафе и вода, ова не мора да важи. Но доколку сакате да испиете неколку чаши газиран пијалак или овошен сок, запомнете дека овие намирници имаат околу 120 до 150 калории од порција и многу шеќер.

2. Вода со лимон

Според едно поново истражување, 70% од парчињата лимон послужени во рестораните се покриени со бактерии, а понекогаш дури и фекални материи. Доколку лимонот не го исечат или измијат пред вас, најдобро е да го избегнувате.

3. Леб со маслиново масло

Од маслиново масло има многу здравствени придобивки, но и многу калории. Само две лажици од него имаат 240 калории. Па доколку сакате леб со маслиново масло, а внимавате на линијата, размислете подобро.

4. Диетални газирани пијалаци

Доколку мислите дека диеталните пијалаци се поздрави од обичните, не сте во право. Покрај вештачките засладувачи и хемиските состојки, една чаша од овие пијалаци може да има навистина лошо влијание на нивото на шеќер во крвта.

5. Сирови школки

Дали сте се запрашале од каде потекнува хепатит А? Доаѓа од вирус со истото име, а најчест извор е сировата храна, загадената вода, а најмногу сировите школки кои доаѓаат од загадена вода. Ова не значи дека постои опасност во секој ресторан, но сепак добро размислете.

6. Голема порција пуканки

Поголема е веројатноста дека ова ќе го порачате во кино, но поради калориите и оваа намирница се наоѓа на листава. Дневниот препорачан внес на калории е 2.500 за мажи и 2.000 за жени, а голема порција пуканки содржи дури 1.200.

7. Крем супа

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 двојници на славните личности кои сите би ги помешале со вистинските ѕвезди

8 скриени психолошки проблеми што нередот во домот ги открива за вас