во , , ,

14 Инспирирачки цитати од Коби Брајант кои ќе ни помогнат во тешки моменти

Коби Брајант светот ќе го памети не само како исклучителен спортист, туку и како личност која ги инспирираше и мотивираше другите. Во негова чест, ова се некои од најубавите мисли кои Коби Брајант ги изговорил во јавноста.

„Сѐ што е негативно – притисокот, предизвиците – се само можност да напредувам.“

„Најважно е да се обидете да ги инспирирате луѓето за да бидат одлични во она што сакаат да го прават.“

„Откако ќе дознаете како изгледа неуспехот, решително ќе го бркате успехот.“

„Сфатив дека заплашувањето не постои доколку сте во вистинска рамка на умот.“

„Моите родители се мојата потпора. Сѐ уште се. Тие се единствените кои ќе ме поддржат и да постигнам нула и да постигнам 40.“

„Убавината да си благословен со талент е да се издигнеш над предрасудите и да создадеш прекрасен момент.“

„Моментот кога ќе се предадеш е моментот кога ќе дозволиш некој друг да победи.“

„Ако сакаш да бидеш одличен во нешто, треба да направиш избор. Под избор мислам на жртвување на времето со семејството, пријателствата, времето со родителите.“

„Ова е единственото нешто врз кое имаш контрола. Одговорен си за начинот на кој луѓето ќе те паметат – или нема да те паметат. Затоа, не го земај тоа здраво за готово.“

„Да имате луѓе кои ве мразат е одличен проблем. Никој не ги мрази добрите. Ги мразат само одличните.“

„Јас сум во потрага по перфекцијата.“

„Не можам да ги сфатам мрзеливите луѓе. Не го зборуваме истиот јазик. Не те разбирам. Не сакам да те разберам.“

„Ако се плашиш од неуспех, тогаш најверојатно и нема да успееш.“

„Болката не ти кажува кога е време да престанеш. Болката е тој мал глас во твојата глава кој те задржува назад бидејќи знае дека ако продолжиш ќе успееш.“

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 Морничави фотографии од Шангај кој е празен поради коронавирусот

14 Играчки и аксесоари кои ќе ја пробудат носталгијата на девојките од ’90-тите