Еден маж засадил илјадници цветови за неговата слепа сопруга, само за да ѝ помогне да ја надмине депресијата.
Секој маж сака да ја израдува својата сакана за роденден, годишнина, Божиќ, а некогаш и без повод.
А, изгледа дека скапите подароци не се секогаш и најдобри – некогаш многу поголем впечаток оставаат малите, лични подароци и гестови кои покажуваат дека личноста навистина добро ве знае и вистински се грижи за вас.
Подароци од неколку вакви мажи кои многу добро си ги познаваат партнерките:
Во период од две години, маж засадил илјадници цветови за неговата слепа сопруга со цел да ѝ помогне да ја надмине депресијата
„Минатиот месец ми умре кучето, па момчето ми купи букет во форма на куче за да ме расположи“.
„Девојка ми многу сака бајки, па ја побарав за жена со ’книга‘ со бајки и загатки“.
„Ѝ направив биро на девојка ми за да не мора да работи на работната маса во кујната“.
„Еднаш му кажав на сопругот дека им завидувам на докторандите од Финска бидејќи им даваат меч откако ќе докторираат. За жал, мојата церемонија беше одложена поради пандемијата, но момчето ми купи меч!“
„Новото момче на мајка ми ѝ направи полица на која може да ја изложи нејзината колекција шолји за кафе. За споредба, пред да се разделат, татко ми секогаш ѝ се лутеше кога си купуваше шолји“.
„За 30-тата годишнина од бракот, тато ја изненади мама со клупа посветена на неа во паркот каде што постојано одат на прошетка“.
„Чекав ред во маркет, кога мажот пред мене ѝ рече на сопругата дека мора да оди до тоалет. Но, наместо тоа, отиде да земе цвеќе за неа и го криеше зад грбот додека да плати“.
„Момчето ми рече да си дојдам дома подоцна. Ме изненади со ова“.
„Свадбен подарок од сопругот. Во медалјонот има ливчиња цвеќе од првиот букет што ми го подари“.
„Сопругот ми подари албум со фотографии што сме си ги праќале онлајн и ова е најубавиот подарок што сум го добила“.
„За мојот роденден, сопругот ми направи мала библиотека преку која можам да ги споделувам моите книги со дечињата од соседството“.
„Повеќе не знаев како да ѝ изјавам љубов на девојката, па почнав да учам да сликам за да можам да ѝ подарувам слики“.
„За Божиќ, момчето ми подари по едно писмо за секој ден што ќе бидеме разделени бидејќи учиме во разни држави“.
Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден