Време е да научиме дека животот е краток и треба да го живееме во целост. Не вреди да се троши залудно, а илустрациите во продолжение ќе ве потсетат на тоа.
Емотивни илустрации кои може да ве натераат и да пуштите по некоја солза, но и ќе ви ги отворат очите:
Се надевам дека еден ден, пред времето да помине, некој ќе се сети на мојот роденден. Не сакам торта, само сакам среќна песна, каде сите се благодарни за моето постоење.
За последен пат ме праша – Ќе бидеш ли добро кога нема да бидам веќе тука за да си играм со тебе? Срцето ми се стегна од болка и реков – Да. Најболната лага што некогаш ја кажав.
Деновите поминаа толку брзо и беше прекрасно. А, ти си уште прекрасна како што те паметам.
Во чест на нашата татковина. За нашите деца и за подобри денови. Ќе го дадам животот.
Синоќа, шетавме фатени за рака. Ти рече дека те правам среќна. Твоите зборови ми оставија среќен сјај на лицето. Потоа се разбудив. Тоа беше најдобриот сон што сум го имал.
Таа поврзаност што ја имаме со некои луѓе. Останува посебна до самиот крај.
Само сакам да испеам една последна песна за тебе. Да ти ја донесам мелодијата таму горе. Колку храбра борба мамо. Сега можеш да почиваш.
Сине, ако не стигнав на твојот роденден, те молам сети се дека твоето раѓање беше најдобриот ден од мојот живот. Продолжи да ме воодушевуваш секој ден. Јас ќе те гледам од горе, мој храбар војнику.
Бевме толку среќни, но каде замина тоа? Ќе ви направам срца од хартија мамо, тато. Ќе направам да биде подобро овојпат. Можеби ова ќе реши сѐ, нели?
Ех, уште сакам кога ќе се насмееш. Иако веќе не сум јас тој што ја предизвикува насмевката.
Еј, ова е мојот омилен дел. Да седиме во ливада. Да ги гледаме птиците и виножитата. Да уживаме. Да го чекаме сонцето да зајде.
Времето лета. Никогаш не сум била толку осамена. Сепак сум среќна што те имам тебе.
Твојот ум веќе не се сеќава. Но знам дека срцето памти. Среќна годишнина, убавице!
Ако чекањето значи да бидам со тебе засекогаш, секоја секунда вреди!
Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден