во , ,

15 Цитати од Пауло Коелјо кои го менуваат животот: „Кога немав што да изгубам, имав сè“

Бразилскиот писател Пауло Коелјо е автор на неколку наслови кои што се најдоа на листата на најчитани книги ширум светот, поради тоа многумина го сметаат за највлијателниот автор на современото време.

Ова се највлијателните цитати кои што ги идвојуваме од него:

1. „Доколку нешто доволно многу сакате, цел универзум ќе се спои за да ви се исполни таа желба“

2. „Кога немав што да изгубам, имав сè“

3. „Што и да прави, секој човек на Земјата игра водечка улога во историјата. Тој секако, не знае за тоа“

4. „Не предавајте им се на вашите стравови. Доколку го направите тоа, ќе ја изгубите врската со своето срце“

5. „Сите ми зборуваат дека ќе донесам погрешна одлука, но и тоа е дел од животот. Што сака животот од мене? Дали сака да ризикувам и да се вратам таму откаде што дојдов зошто немав храброст да му кажам „да“ на животот?“

6. „Многу важните состаноци ги планираат душите многу пред да се сретнат нивните тела. Генерално, тоа се случува тогаш кога ќе достигнеме некаква граница, кога треба да умреме и емоционално повторно да работиме“

7. „Постојат моменти кога во нашиот живот доаѓаат неволји, а ние не можеме да направиме ништо. Но, тие се тука со причина. Дури кога ќе ги пребродиме, разбираме зошто биле тука“

8. „Љубовта не може да се најде во било кој друг, туку во самиот себе: едноставно треба да ја разбудиме. Но, за да ја разбудиме, потребна ни е друга личност“

9. „Кога сакаме, секогаш се трудиме да бидеме подобри од претходно. Кога ние се трудиме да бидеме подобри, сè околу нас станува подобро“

10. „Некој е сакан затоа што е сакан. Нема тука некаква посебна причина“

11. „Очигледно дека сите имаат јасно мислење за тоа како некој друг треба да го живее својот живот“

12. „Никој никого не губи, затоа што никој никого не поседува. Тоа е поим на слободата: кога ја имате најважната работа на светот, но не ја поседувате“

13. „Кога се обидуваме да ја контролираме таа нè уништува. Кога се обидуваме да ја заробиме, таа нè заробува нас. А, кога ќе се обидеме да ја разбереме, таа целосно нè збунува и нè остава изгубени“

14. „Сетете се секогаш каде и да ви е срцето, таму ќе пронајдете некакво богатство“

15. „Никогаш не можеме да ги осудуваме животите на другите, затоа што секоја личност ја познава својата болка и одрекувања. Во ред е да чувствувате дека сте на вистински пат, но целосно друга работа е да бидете убедени дека тоа е вистинскиот пат, а не некој друг“

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Бенкси доцртал количка од супермаркет на познатата слика на Моне, па ја продал за речиси 10 милиони долари

15 Смешни ситуации кои докажуваат дека животот со мажи не е воопшто едноставен