во , , ,

15 Забавни илустрации што совршено го покажуваат влијанието на пандемијата врз нашиот живот

Откако почна пандемијата, некаде кон средината на март минатата година, огромно е нејзиното влијание врз нашиот секојдневен живот.

Вирусот стави печат на речиси сите сфери од нашиот професионален и приватен живот и со поголеми последици отколку што би можеле да замислиме.

Од најобично одење во супермаркет или прошетка, преку работата и уживањето во слободното време, до церемонии како што се свадбите, крштавките – веќе подолго време ништо не е исто. Што е уште полошо, сѐ уште не се гледа крајот.

Додека живееме во оваа реалност, главно тагуваме по нашиот претходен живот кога работите ги земавме здраво за готово.

Сепак, постојат луѓе што пронајдоа нешто позитивно во сиот овој хаос. Постојат луѓе што одлучија да го искористат тоа време за да поработат на себеси, да завршат проекти што одамна ги почнале или макар само ги планирале, а за кои немале време.

Една од нив е дизајнерката Ирина Блок, која низ илустрации претставува само некои од моментите што ни се толку добро познати.

– Уште од првиот ден цртањето ми беше начин да се ослободам од стресот и да ги насмеам другите. Работам од дома како дизајнер преку ден, а ноќите ги поминувам цртајќи. Еден ден само зедов парче хартија и почнав да цртам. Во последно време се префрлив на цртање на „ајпад“ и правење едноставни анимации за да ги оживеам цртежите. Серијата ја нареков „Ковид-живот“ затоа што е фокусирана на секојдневните борби и на тоа како пандемијата влијае врз речиси секој аспект од животот – од јадење, патување, купување, славење со семејството итн. – вели Ирина.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

22 Фотографии од луѓе кои малце претерале со Фотошопот: Инстаграм VS. Реалност

Сепак не е за „петка“: Славна бамбусова шума од која милиони туристи заминуваат разочарани