во ,

15 Забавни факти што докажуваат колку е неверојатен светот околу нас: Ежот не се раѓа со боцки

Светот околу нас е толку разновиден, што никогаш нема да дознаеме сè за него.

На Земјата постојат толку многу животни, растенија и феномени, што секој ден можеме да научиме по нешто ново. А, секојпат кога слушаме нова информација, само се убедуваме во фактот дека живееме на навистина неверојатна планета.

Во продолжение погледнете неколку факти за светот околу нас, што сигурно ќе ве фасцинираат:

1. Виножитото може да се појави и навечер. За разлика од она што го гледаме кога е ден, „ноќното“ виножито настанува од светлината на Месечината.

2. Постои верување дека точките на бубамарата ја покажуваат нејзината возраст. Но, ова не е точно и бројот на точки зависи од видот на бубамарата – постојат видови со 2, 7, 14, па дури и 22 точки.

3. Ежовите се раѓаат „голи“, а после само неколку часови почнуваат да им растат меки боцки. Дури после 4 месеци меките боцки почнуваат да се заменуваат со поцврсти.

4. Овој гулаб не е повреден, туку му припаѓа на вид којшто има црвени пердуви на градите.

5. Во Туркменистан има кратер кој гори непрекинато од 1971-ва. Кратерот бил намерно запален за да се спречи ширењето на метан од него, а неретко е нарекуван и „Порта до пеколот“.

6. Постои вид глувци каде што мажјаците умираат после сезоната на парење. За време на сезоната, мажјаците се обидуваат да се спарат со што повеќе женки, и ова може да трае и до 14 часа. Тие толку се заморуваат во процесот, што на крај умираат.

7. Кога се во хибернација, еден вид водни желки можат да дишат преку нивниот анален отвор. Кога ќе дојде зима, овие желки го забавуваат нивниот метаболизам за 95% и потребниот кислород го добиваат преку анусот.

8. Рибите од видот Echeneidae имаат орган што им помага да се „залепат“ за други поголеми животни и да ги користат како превоз. Неретко, овие риби се закачуваат и за чамци и бродови, а понекогаш и за нуркачи.

9. Медузите немаат мозок, срце или очи, но тие сепак успеале да преживеат 650 милиони години.

10. Некои видови пајаци можат да нуркаат и да ловат риби.

11. Постојат и пајаци кои се кријат во дупки, а задниот дел од телото го користат за да ја покријат дупката.

12. Постојат дури над 70 видови печурки кои светат во темно.

13. Вулканот Стромболи во Италија, речиси непрекинато еруптира цели 2.000 години. Воглавно ерупциите се мали, но ова сепак е еден од најактивните вулкани на планетата. Изминативе 20 години се имаат случено 3-4 поголеми ерупции.

14. Постојат над 120 видови кафе, но за пиење користиме околу 4, вклучувајќи ги арабика и робуста.

15. Постојат облаци кои изгледаат како виножито, кои настануваа кога малите капки вода или малите кристали вода ја распрснуваат светлината.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ќе направиш 100 работи во денот и на крајот мажот ќе те праша – е аман, од што си толку уморна?

Квака што покажува кога е отклучено и уште 14 генијални изуми