во , ,

15 Типови на соседи што им се познати на сите кои живеат во зграда

Соседите со деца

Веројатно не постои зграда без семејство со мали деца. А, сигурно ви изгледа како децата да се најактивни со недела наутро, баш кога вие имате време за одмор.

Соседот кој остава ѓубре

Многу луѓе имаат навика да го остават ѓубрето пред врата, за кога ќе излегуваат да го фрлат. Но, овој сосед само го остава и не го фрла, па за неколку денови влезот изгледа како вистинска депонија.

Соседот со приватен паркинг

Овој сосед се грижи за својот автомобил како да вози Ферари и секогаш си обезбедува „приватен“ паркинг. Понекогаш дури остава и столчиња и гајби за никој да не му го украде местото.

Соседите кои озборуваат

Најчесто во зградите има по неколку вакви луѓе кои ги следат сите новости за останатите соседи. Од нив не можете да скриете буквално ништо.

Соседот кој постојано реновира

Ако немате соседи со деца, тогаш сигурно имате сосед кој реновира секој викенд. Колку пати во недела ве разбудил звукот на бормашина?

Соседот со проблематичен водоводни цевки

Ако живеете под овој сосед, сигурно не ви е лесно. Изгледа како оваа личност секогаш да има проблеми со водоводот и секојпат е изненадена кога ви капе и вам.

Соседот кој сака мир и тишина

Дури и ако на земјата ви падне пердув, овој сосед ќе го слушне тоа и ќе ви затропа на ѕидот. За него сите се смеат гласно, сите зборуваат гласно, па дури и дишат многу гласно.

Соседите од „реално шоу“

Ова се соседите кои постојано се расправаат, и тоа на цел глас. Целата зграда, па дури и целото маало знае за нивните проблеми.

Дали имате вакви соседи и од кој си имате најголема мака?

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ајде кажете сега, кој од вас го тепа жена му?

Мажу, колку мусака да ти турам?