6. Пијалаци
Можете да купите флаширана вода насекаде, но е навистина тешко да најдете алкохол. Официјално не е забранет, но луѓето не го сакаат толку многу. Во некои места е и официјално забранет. Сепак можете да го набавите илегално во некои хотели и ресторани. Кога сме кај пијалаците, мора да пробате машала чај, пијалак со навистина необичен вкус.
7. Медицина
Индија е родното место на ајурведата и ова не е само третман за лекување, туку цела филозофија. Многу туристи доаѓаат во Индија за овој третман кога традиционалната медицина не им била од помош. Лекувањето вклучува масла, тревки, сокови, масажи и растителни пилули. Дури и ако вашето здравје е во ред, добро е да ја пробате ајурведата како превентива. Погледнете им ги косите и кожата на Индијките и ќе ви стане јасно зошто ајурведата е толку популарна.
8. Танци
Движењата претставуваат сè – луѓе, животни, растенија, природа и емоции. Секој гест има симболично значење, а важен е и редоследот. Најстариот танец, Баратанатјам е стар над 5.000 години. Костимите и шминката се навистина разновидни, а лицата на танчарите се обоени за да изгледаат како маски.
9. Најдете ја целта
Индија е местото кое го посетуваат луѓето кои ја бараат смислата на животот. Дури и векови подоцна луѓето овде ги знаат тајните за живеење во хармонија со светот и другите. Ако ви е потребно духовно просветлување, можете да посетите некој ашрам – место за духовно учење со гуру. Во државата има неколку илјади ашрами. Програмите вклучуваат медитација, мантра, лекции, средби со учители и слично.
10. Свет на острови и потонати бродови
Покрај брегот Гоа има 8 острови кои ги привлекуваат нуркачите од целиот свет. Низ долгата историја на Индија, овде имало голем број бродоломи. На дното на океанот има стотици потонати арапски и португалски бродови. Некои од нив не се ни истражени целосно.
И луѓето кои сакаат да одат на плажа можат да уживаат во Индија. Океанот овде може слободно да се натпреварува со Рио, Ибица и Австралија. Температурата на водата е околу 26 степени во текот на целата година. Песочните плажи, чистата вода и одличната атмосфера се причина зошто многу нови брачни парови ја одбираат оваа дестинација.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден