во , ,

17 Години од загубата на Тоше Проески: Сеќавања што никогаш не избледуваат

Денес, Македонија и целиот Балкан се потсетуваат на Тоше Проески, незаборавната музичка ѕвезда, кој трагично го загуби животот пред 17 години во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.

Како дел од традицијата, маратонците повторно трчаат од Нова Градишка до Крушево во чест на Тоше. Оваа година, 14 учесници го започнаа 17-тиот по ред маратон, кој завршува денес во Крушево. Учениците од основните и средните училишта ќе ги пречекаат со 500 рози на вечното почивалиште на Тоше, кај споменикот на Гумење.

Во негова чест, вечерва во Загреб ќе се одржи концерт во македонската православна црква „Св. Злата Мегленска“, додека на 18 октомври, Скопскиот Брас Квинтет ќе настапи и во Ријека.

Неодамна, на 12 октомври, во Скопје се одржа и интернационалниот натпревар „Песните на Тоше Проески“, каде млади музичари од повеќе земји го чествуваа неговото музичко наследство.

Тоше, кој својата кариера ја започна како дете на фестивалот „Златно славејче“, зад себе остави седум албуми, меѓу кои и последниот, „Игри без граници“, промовиран само две недели пред неговата смрт.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 Октомври – Ден на Светиот свештеномаченик Дионисиј Ареопагит

По шест години пауза, „Victoria’s Secret“ се врати со спектакл: Најубавите моменти од ревијата