во ,

20 мудри мисли од Ниче кои го откриваат патот кон суштината на животот

Фридрих Ниче, еден од највлијателните филозофи на 19 век, оставил зад себе безвременски мисли кои ги преиспитуваат религијата, моралот и животот. Неговата критика и длабочина на размислување инспирираат генерации филозофи и мислители, а еве неколку од неговите најмудри изреки кои ја откриваат суштината на животот.

1. „Кога ќе го цените она што го имате, наместо да трагате по идеали, ќе бидете вистински среќни.“

2. „Паметните луѓе не планираат пријателства, не зборуваат за љубовта и не ја докажуваат вистината.“

3. „Оној што има ‘зошто’ да живее, може да издржи речиси секое ‘како’.“

4. „Нашите мисли се тие што нè прават среќни или несреќни, а не надворешните околности.“

5. „Оној што не може да оддели две третини од денот за себе, треба да се смета за роб.“

6. „Нема убава површина без застрашувачка длабочина.“

7. „Она што не ме убива, ме прави посилен.“

8. „Ако одлучите да направите нешто, затворете ја вратата на сомнежот.“

9. „Најголемите настани не се бурни, туку тивки моменти.“

10. „Она што се прави од љубов се случува надвор од доброто и злото.“

11. „Постојат две патеки што можат да ве спасат од смртта: брза смрт и долга љубов.“

12. „Колку повеќе ги раширувате рацете, толку полесно ќе ве распнат.“

13. „Постои одреден степен на лаги што се нарекува ‘чиста совест’.“

14. „Како и дрвото кое расте кон светлината, така и човекот расте во мракот и кон злото.“

15. „Осаменоста може да биде бегство на болните или бегство од болните.“

16. „Завидливите луѓе осудуваат она што не го знаат и критикуваат оние што никогаш нема да ги достигнат.“

17. „Не ме вознемирува тоа што ме излажавте, туку што веќе не можам да ви верувам.“

18. „Не размислувајте премногу – така создавате проблеми што не постоеле.“

19. „Најблиската личност е онаа која го знае твоето минато, верува во твојата иднина и те прифаќа таков каков што си.“

20. „Колку повеќе ќе ги раширите рацете, толку полесно ќе ве распнат.“

Овие мисли на Ниче се вистински водич за разбирање на животните предизвици и сложености, поттикнувајќи нè да размислуваме подлабоко и да ја прифатиме реалноста таква каква што е.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриена тајната по 33 години: Фарсата зад совршената свадба на Брена и Боба

Витамин Ф: Ретко споменуван, но исклучително важен за телото