во , ,

20.000 евра отштета за инфлуенсерка по инцидент во Зара: Вработените и упаднале додека се пресоблекувала

Инцидент кој ја шокираше јавноста: Кристал Џојс, 20-годишна тиктокерка и инфлуенсерка од Ирска, доби 20.000 евра отштета од Зара по невино упаѓање нејзината приватност. Вработените на продавницата влегле во нејзината кабина додека се пресоблекувала, што предизвикало големо вознемирување.

Кристал, која често објавува модни совети и промовира нова облека на ТикТок, се почувствувала силно повредена, тврдејќи дека не само што била вознемирена од неочекуваното влегување во кабината, туку била и неправедно обвинета за крадење. Овој инцидент ја остави со чувство на срам и нарушена репутација.

Таа ја обвини Зара за клевета, тврдејќи дека била држена против нејзина волја и била испрашувана пред другите клиенти како криминалец. Судот го прифатил нејзиното барање и ја награди со отштета. Судијата посочи дека оваа постапка ја оштетила девојката и не била оправдана со доказите кои Зара ги претставила.

„Тие ѝ наштетија на девојката“, рече судијата, нагласувајќи дека на инфлуенсерката и била нанесена сериозна штета, додека Зара не успеала да ги докаже своите обвинувања. Кристал сега може да продолжи со својата работа, но овој инцидент ќе остане еден од најголемите скандали во модната индустрија за оваа година.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Магија на љубовта: 57-годишна Соња и 69-годишен Марко ги освоуваат срцата со чудесното откритие на првото дете

Хит снимка запали мрежи! Лавица влета во автомобил – туристите не знаеја што ги снајде