во ,

20-годишна девојка vs. 39-годишна жена на плажа

На 39 години: Покрај децата… А да, постоиш и ти. Се соблекуваш. Нема ништо театрално во тоа, роди два пати и никогаш не ослабе.

Пристигнување на плажа на 20 години:

Доаѓаш до своето место со апостолките во раце и торбата на рамото.

Се соблекуваш со еден потег, како на спотовите.

Театрално чекориш до водата и скокаш на глава, исто како во спотовите.

Пристигнување на плажа на 39 години:

Доаѓаш до своето место, во рацете имаш 2 сета кантички и лопатки, на рамото торба која содржи два резервни костими за капење за секое дете, мускули за пливање, крема со заштитен фактор 50, кутија со овошје, бисквити, а за себе носиш само една книга и доволно ти е.

Го пресоблекуваш едното дете.

Го пресоблекуваш другото дете.

Го мачкаш едното.

Го мачкаш другото.

Му ги дуваш мускулите на едното и му ги ставаш.

Му ги дуваш мускулите на другото и му ги ставаш.

Едното е жедно.

На другото му се мочка.

На едното водата му е студена.

Другото не сака да излезе од вода.

А да, постоиш и ти. Се соблекуваш. Нема ништо театрално во тоа, роди два пати и никогаш не ослабе.

Се мачкаш себе, ако стигнеш. Ако не, во ред е, ќе преживееш.

Сфаќаш дека слободно можеше да тргнеш без книга, бидејќи на едното дете водата му е студена, а другото отишло речиси преку глава во вода и вика: „Мамо, види ме!“

А, денот штотуку започна…

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 Докази дека не е се така розово на Инстаграм

Девојче се трансформира во различни ликови од филмови, а резултатот е фантастичен