во ,

20 работи по кои ќе препознаеш дека си типичен Македонец!

Не признавате манџа без запршка, последните пари ги давате на кафеана, ракијата ја сметате за лек и страшно се плашите од промаја.

– Не верувате многу во лекарства препишани од доктор, туку имате став дека ракијата и виното се универзален лек.

– Не ви е проблем да појдете до кај соседот и да позајмите шолја масло, јајце или малку кафе

– Кога сте среде нешто и сфаќате дека некој продукт ви недостига воопшто не ви е срам да тропнете на вратата на соседот за помош.

– Ги давате последните пари за кафеана или кафуле

– Имате ниска плата  едвај ги подмирувате сметките, но кафеаната не смее да трпи, за таму ќе ги дадете и последните пари.

– Се карате за историја и со припадници на други нации, но и со други Македонци

– Најлошо е кога се обидува некој да ве натера да ја разделите историјата од политиката. Почнувате дебата и таа нема крај.

– На сите им велите: „Мора да го посетите Охрид и манастирите и Маврово и…“

– Не можете да се смирите додека на некој дојденец не му ги посочите топ дестинациите во Македонија. Но, вистина е, навистина имаме што да понудиме.

– Јадење без запршка не може да помине

– Нашите мајки и баби нè научија така и ако сакате да направите манџа без запршка дефинитивно ќе бидете осудени.

– Сте ги гледале филмовите „Пред дождот“, „Прашина“ и „Тетовирање“ најмалку еднаш

– Горди сте на овие култни македонски филмови и дури знаете фрази од нив.

– Ја почитувате и алтернативната музичка сцена

– Одите во кафеани на фолк музика, но уживате и во добра рок, метал или електронска музика и се забавувате одлично на вакви настани.

– Гледате фудбал и ставате пари во спортска обложувалница

– Обложувањето како да стана традиција, па и вие не можете да одолеете.

– Пријателски сте настроени и многу гостопримливи

– Сакате да дочекувате гости и да ги служите со традиционална храна, ајвар, ракија…

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 пати паднав додека го гледав видеото

11 туристички атракции кои повеќе не постојат бидејќи се уништени од луѓето