Дури и ако сте биле во Кина, сте ја пробале локалната кујна и го учите јазикот, големи се шансите да не ја разбирате оваа држава. Па, ако планирате да ја посетите, или едноставно само сакате да дознаете нешто повеќе за неа, добро е да ги знаете овие неверојатни факти за Кина.
1. Сите имаат слушнато дека во Кина луѓето веруваат дека момчињата се дар, додека девојчињата се понижување. Можеби овој став сè уште постои во некои села, но во големите градови полот на детето нема големо значење. Сепак, Кина сè уште е патријархална држава – постарата генерација ги гледа жените како домаќинки и многу татковци имаат предрасуди за нивните ќерки кои сакаат да се образуваат или да изградат кариера.
2. Мажите Кинези сакаат да се грижат за себе и не го кријат ова. И во овој случај правилото важи најмногу за младата генерација. Мажите користат секакви парфеми и имаат тренди фризури, ја фарбаат нивната коса и вложуваат многу време и пари во нивната облека. Некои луѓе веруваат дека Кинезите го прифатиле ова однесување од Јужна Кореја која е позната по својот фокус на убавината и модата. Разликата помеѓу двајца мажи Кинези од разни генерации е неверојатна – возрасните мажи едвај се грижат за нивната облека, а не па и за фризурата или кремите за лице.
3. Причината што Кинезите толку многу го менуваат својот изглед е тоа што изгледот е првото нешто што покажува колку сте богати. Всушност, токму ова ги обединува кинеските татковци и синови. Единствената разлика е тоа што младите сакаат да бидат во форма и ги следат европските стандарди, додека на постарите не им е проблем да го покажат нивното стомаче и да им дадат до знаење на сите дека можат да си дозволат повеќе храна.
4.Кинезите често го растат нокотот на малиот прст. И на овој начин покажуваат дека не работат тешка физичка работа за преживување. Нивните денови се удобни, а нивната интелигенција им е главна алатка.
5. Не е важно дали луѓето од западот се учтиви или не, тие се многу атрактивни. Причината е што имаат поголеми очи и светла коса. Националноста не е важна, важно е да изгледате „европски“ за да се најдете на насловната страница на некое модно списание.
6. На Кинезите не им пречи ако странците прават чудни нешта. Сепак, длабокото деколте се смета за многу непристојно за разлика од краткото здолниште. Истото важи и за нападната шминка. Жените во Кина или воопшто не носат шминка, или нанесуваат многу малку.
7. Знаевте ли дека Кинезите ги варат јајцата во урина? Овој рецепт е наречен „Момче девица“ и е навистина едноставен – се собира кофа со урина од момчиња помлади од 10 години. Јајцата подготвени на овој начин се 4 пати поскапи од обичните и се сметаат за деликатес.
8. На западњаците им е навистина тешко да не се преценат, а причината не е само тоа што се сметаат за атрактивни. Луѓето во Кина многу често даваат комплименти. Дури да не знаете ниту еден збор на кинески, тие ќе ве пофалат дека го зборувате одлично.
9. Кинезите имаат нивни изрази за луѓето со темна кожа. Ако го зборувате локалниот јазик, немојте да се изненадите ако слушнете некој да го наречат „кафе“. Најверојатно разговараат за црна личност која ја познаваат.
10. Кинезите сакаат да пијат и се многу добри во тоа, а алкохолот и цигарите им се продаваат дури и на тинејџерите. Сепак, речиси е невозможно да видите дете што пие алкохол или пуши цигари.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден