во

25 Кинески мудрости што ќе ве натераат да размислите поинаку

Кинеската култура е богата со мудрости што ги пренесуваат лекциите за животот и човечките вредности. Еве дел од најпознатите кинески изреки што ни помагаат да го разбереме животот со повеќе трпение, разбирање и свесност:

  1. Ако сакате одмазда, почнете да копате два гроба.
  2. Ако сте трпеливи во еден момент на лутина, ќе избегнете стодневна тага.
  3. Доброто фрли го во водата, водата ќе ви го врати.
  4. Големата среќа доаѓа од небото; малата среќа доаѓа од човекот.
  5. Детскиот живот е како парче хартија на кое секој остава белешка.
  6. Животот е само мост. Не гради куќа на мостот.
  7. Кога богатиот човек ќе стане сиромашен, тој станува учител.
  8. Кој ја бара вистината мора да знае да ја поднесе.
  9. Убавината е мудрост на жената, мудроста е убавината на мажот.
  10. Не плашете се од бавен напредок, туку од стоење во место.
  11. Направете ги среќни оние кои ви се блиски, а оние кои се далеку ќе дојдат кај вас.
  12. Ако се сомневате во некој – не го вработувајте, а ако го вработите – не се сомневајте во него.
  13. Мислата е слична на копање бунар: водата на почетокот е заматена, но полека се чисти.
  14. Младоста предлага, староста одложува, средината извршува.
  15. Најдоброто време за садење дрвја беше пред 20 години. Второто најдобро време е сега.
  16. Не паѓа секое дрво со првиот удар.
  17. Човекот не е заведен само од убавината на телото, туку и од убавината на духот.
  18. Парите ќе му ги отворат очите на слепецот, парите ќе ги затворат очите на дебелиот папа.
  19. Патувањето од илјада милји започнува со првиот чекор.
  20. Патот до пеколот е поплочен со добри намери.
  21. Со текот на времето, тревата се претвора во млеко.
  22. Чистата совест не се плаши од чукање во ноќта.
  23. Човекот е среќен колку што е способен да ги усреќи другите.
  24. Силен е човекот кој може да ги победи другите; човек кој се освојува себеси – е семоќен.
  25. Слушам и заборавам, гледам и се сеќавам. Работам и разбирам.

Овие изреки не само што ни покажуваат колку е важна трпеливоста и самоконтролата, туку и ни помагаат да го гледаме животот како постојан процес на учење и растење.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Милион лајкови за Модриќ по поразот на Реал Мадрид во Ел Класико

Николина Пишек на 50 години изгледа како дваесетгодишна: Нејзините совети за фит форма