во ,

3 Вицови за неверства кои сигурно ќе ве насмеат барем на кратко

1. Жена била во кревет со љубовникот кога го чула мажот како влегува во куќата.

„Побрзај, сокриј се во ќошот“. Го полила со бебешко масло и му истурила бебешка пудра врз него.

„Не се мрдај додека не ти кажам“ – му рекла.

„Претворај се дека си кип!“

„Што е ова?“- прашал мажот кога влегол во собата.

„Тоа е кип“ – му одговорила жената. „Комшиката си купи па мене ми се допадна и купив и јас сличен за нас.“

Без дополнителни коментари си легнале да спијат. Околу 2 часот по полноќ, мажот излегол од собата и се вратил со пиво и сендвичи.

„Еве, му рекол на кипот, земи си сендвич.“

„Јас така стоев два дена кај комшиката, можев да умрам од глад!“

2. Маж отишол во бар и нарачал пиво.

„Повелете господине, тоа ви чини 2 денари.“

„2 денари?“ – повторил муштеријата.

„А, колку ви чинат 10 ќебапи и една шницла?“

„5 денари“ – му одговорил келнерот.

„5 денари???“ – повторил човекот.

„А, сакаш да ми кажеш каде е сопственикот на ресторанов?“

Келнерот го погледнал:

„Горе на спрат, со жена ми“.

Човекот го прашал: „А, што прави горе со жена ти?“

„Истото што и јас го правам овде со неговиот ресторан.“

3. Перо бил на умирање, а жена му седела покрај него.

Погледнал кон неа и со тивок глас и рекол:

„Морам да ти кажам нешто“.

„Немој сега да се заморуваш со зборување“ – му одговорила таа.

„Не“ – инсистирал Перо.

„Сакам да умрам мирен. Спиев со твојата сестра, твојата најдобра пријателка, нејзината пријателка и мајка ти.“

„Знам“ – одговорила.

„Сега само опушти се и дозволи му на отровот да делува.“

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Си биле тројца студенти и умреле. Кога умреле отишле кај Св.Петар и тој му рекол на првиот…

Ништо лиске, еве пишувам докторат…