во ,

30 Фотографии од времето кога владееше шпанскиот грип во 1918 година

Додека светот се привикнува да живее во новата реалност создадена од пандемијата со новиот коронавирус, многумина потсетуваат како изгледаше најсмртоносната пандемија во поновата историја – Шпанскиот грип.

Пред нешто повеќе од 100 години, на крајот од Првата светска војна, вирусот H1N1 се прошири низ целиот свет и зарази околу една третина од тогашната светска популација. Околу 500 милиони лица биле инфицирани, а се проценува дека над 50 милиони лица починале од вирусот. Погледнете црно-бели фотографии од животот во тоа време:

Слично како денес, училиштата, театрите и црквите биле затворени, групните настани биле забранети, а на луѓето им било кажано да седат дома. Во многу места од светот, носењето маска станало задолжително, а плукањето и кашлањето во јавност биле забранети.

Но, за разлика од условите во кои денес живееме, лекувањето тогаш било ограничено. Само за информација, првиот антибиотик, пеницилинот, бил откриен 10 години подоцна, во 1928 година. Заразените се соочувале со ужасни симптоми и многу пателе пред да починат.

Најголем дел од починатите биле мажи на возраст од 20 до 40 години. Тоа сериозно ја нарушило рамнотежата меѓу половите во многу земји и довело до дефицит на работна сила, па на жените им станало многу полесно да станат дел од пазарот на трудот.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

За совршена фотографија – „Пијаната куќа“ е најфотогеничното место во Прага

Кинезите го претставија првиот проѕирен телевизор во светот…