во , ,

4 Бизарни работи од минатото кои денес ги сметаме за нормални

Некои работи кои се денес нормални во средновековната Европа биле нелегални. Покрај бруталните казни за кои сите имаме читано, биле забранувани многу спортови и активности, кои денес се најнормални.

Луѓето одамна сфатиле дека им е потребен некаков систем на казнување за да ги дисциплинираат непожелните однесувања.

Имено, пред стотици години, во средновековна Европа, биле општествено прифатливи работи кои денес се незамисливи и обратно.

За среќа, повеќето од овие закони и забрани повеќе не постојат:

Играње тенис (за сиромашни)

Според законот од 1495 година, сиромашните луѓе не смееле да играат тенис. Законите се применувале во текот на целата година, освен за Божиќ.

Играње фудбал

Фудбалот во среден век не се сметал за цивилизирана игра. Всушност, фудбалот не изгледал како што изгледа денес. Во тоа време играњето личело на вистинска војна, се предизвикувала голема штета, па дури и смрт.

На 13 февруари во 1314 година, кралот Едвард II од Англија го забранил фудбалот во Лондон, а оваа забрана била суспендирана во 1650 година.

Венчавка без дозвола од господарот

Во среден век сиромашните луѓе не смееле да се венчаат без дозвола на својот господар. Но ова не е сé, во случај на смртта на сопругот, господарот би пронашол соодветна замена за краток временски период, а кој не сакал да соработува бил најстрого казнет.

Крадење на месо од китови

Овој закон има смисла кога ќе сфатите дека средновековната палата во основа била сè. Китовите очигледно биле на менито, но биле дозволени само за кралот и кралицата. Секое ловење и крадење на месо од китови било строго казнувано.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 фотографии коишто ќе ве восхитат со нивната совршеност

12 непишани правила за кои сите ќе се сложиме дека треба да се претворат во закони