во ,

4 Чудни настани на кои може да налетате низ светот

Она што за некого изгледа чудно и необично, за друг може да биде сосема природно и нормално. Ако малку го кренеме погледот и зад себе ги оставиме случувањата во Македонија, ќе сфатиме дека постојат толку многу варијации, што ќе бидеме запрепастени.

Ако нешто е традиционално во една држава, во друга може да биде нешто сосема ново и невидено. Па зошто и ние не се осмелиме да внесеме малку свежина и кај нас со организирање на необични настани?

Еве, во Аргентина се одржуваат лажни свадбени веселби, кои вклучуваат вистински локации, угостители, диџеи и професионални актери кои играат на забавата.

Во вакви ситуации мора да постои и малку драма, па така додека сите играат одеднаш ќе се појави тајниот љубовник или поранешниот партнер.

И пица маратон потекнува од Аргентина, кој навидум настанал како иницијатива на група пријатели кои решиле да одат од ресторан до ресторан и да јадат пица со цел да ја изберат најдобрата. Денес настанот е познат што секоја година учествуваат над 1 500 луѓе.

Веројатно сте слушнале за реики техниката за исцелување, која со полагање на раце ја користи духовната енергија и нејзино правилно насочување.

Ако ѕирнеме во Бразил, ќе налетаме и на реики часови… за миленици. Постои човек по име Рикардо Гаре, кој од ветеринар станал реики учител и во моментот е толку познат што лансирал свој бренд.

Во одреден број на градови во Англија, постојано се организира утрински рејв, посветен за оние кои сакаат да ја зголемат својата енергија пред почетокот на работното време.

Постои договор, а тоа е да се приклучиш со нула проценти алкохол и да се трча од 6.30 до 10.30 часот, а сето тоа е пропратено со инспиративна музика, визуелни декорации, бесплатна масажа, органско кафе, јога и тренер за лична мотивација, кој држи предавање.

Сега добро размислете, на што попрво би се приклучиле?

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Срце цела ноќ сонував дека возам велосипед…

7 „Заразни“ игри за телефон што ќе ве забавуваат со часови