во , , ,

44 Комични фотографии од дивиот свет што ќе ви го разубават денот

Натпреварот за најдобра комична фотографија од дивиот свет оваа година е отворен до јуни. Но, веќе има неколку фотографии што ќе успеат да ве насмеат и да ви го разубават денот.

И покрај тоа што има повеќе од еден месец додека не заврши пријавувањето, натпреварот веќе прими илјадници фотографии од целиот свет.

Купи Маица

Избраните фотографии покажуваат животни од различни места во светот – Африка, Карибите, Бразил, направени во совршен момент.

Натпреварот беше основан во 2015 година од професионалните фотографи Пол Џоунсон-Хикс и Том Сулам. Натпреварот се фокусира на позабавната страна на фотографирањето на дивиот свет, а го поддржува и промовира зачувувањето на дивиот свет и живеалиштата преку хумор.

– Голем дел од дивиот свет прикажан на овие фотографии се соочува со закани за нивното живеалиште и населението. Со овој натпревар сакаме да го привлечеме вниманието на луѓето, давајќи им причина да се насмеат. За да ги заштитиме животните, потребно е луѓето да се вљубат во нив. Фотографиите нè потсетуваат на убавината и комедијата во нашиот природен свет на кој му треба заштита – вели Том Сулам.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Овие луксузни куполи се совршени за авантура, романтика и за набљудување на ѕвездите

30 Луѓе кои навистина се потрудиле, но сепак ја утнале работата