во , ,

5 Најголеми мистерии на човештвото за кои и денес никој нема одговори

И покрај фактот дека луѓето научно обработиле повеќе аспекти од нашиот живот, сепак постојат некои факти кои сè уште не можеме да ги разјасниме и да пронајдеме соодветен одговор на тие прашања.

Во продолжение ви претставуваме дел од нив:

Изгубениот град

Атлантида е една од најстарите и најголеми мистерии на Земјата. Уште од дамнешни времиња луѓето се труделе да ја лоцираат Атлантида, за која се верува дека била потопена во цунами по земјотрес. Грчкиот филозоф Платон ја опишувал Атлантида како остров кој се наоѓал близу Гибралтар, дом на најголемата цивилизација на Земјата.

Според преданијата, Атлантида била населена од најубавите луѓе, на неа се наоѓал храмот на Посејдон и целиот град изобилувал со злато. До денес никој не успеал да ја лоцира Атлантида и да го пронајде нејзиното богатство, а неодамна се појави нова теорија според која неистраженото око на Сахара е всушност изгубениот град.

Мумии

Всушност, тие не се мумии туку совршено сочувани тела кои биле пронајдени во многу катакомби ширум северна Европа. И покрај тоа што човечките тела се распаѓаат по смртта, тие тела поради специфичноста на просторот никогаш не се распаднале туку останале со совршено сочувана кожа и внатрешни органи.

Илјадници од тие тела датираат уште од железното доба и на многу од нив се наоѓаат траги од убиства, со што се претпоставува дека станувало збор за убивање луѓе како дел од пагански ритуали. Но, сè уште не постојат докази зошто телата се фрлени на тој начин и пронајдени ширум Германија, Ирска, Велика Британија и други северни држави во Европа.

Џек Мевосек

Џек Мевосек е можеби најозлогласениот убиец на сите времиња на кој до ден-денес не му се знае вистинскиот идентитет. Станува збор за сериски убиец кој убивал низ Лондон помеѓу август и ноември 1888 година и кој е одговорен за брутални убиства на најмалку 5 проститутки во Вајтчапел, Лондон. Во текот на годините се појавија бројни теории за тоа кој би можел да биде озлогласениот убиец, се зборуваше дури и за членови на кралското семејство, но сè уште не е познато кој бил тој.

Стоунхенџ

За овој споменик се напишани бројни трудови и книги, но никој не успеал да ја разјасни неговата функција. Стоунхенџ се наоѓа во долината Салисбури во Вилтшир, Англија и е составен од многу камени блокови од кои секој тежи 6 тони. Блоковите се поставени еден до друг односно еден врз друг.

Преку истражувања, археолозите дошле до сознанија дека овој споменик датира од 2500 до 3000 години п.н.е. и се претпоставува дека е подигнат од страна на некоја неолитска култура. И тоа е сè што се знае за него. Неговата намена и значење се енигма – постојат многу теории, но ниту една нема цврст доказ. Најчесто прифатената теорија е дека Стоунхенџ свроевремено биле гробишта, што е потврдено со пронаоѓање на неколку гробови во негова близина кои датираат од истиот период.

Кралот Артур

Кралот Артур, мечот во каменот, волшебникот Мерлин и витезите на Тркалезната маса се дел од легендата за моќниот владетел кој ги победил Саксонците и го создал царството на Англија, Ирска, Исланд, Норвешка и Франција. Но, за него не постои ниту еден цврст доказ – сè се темели на легендата која се проповедала помеѓу војничките трупи за подигнување на нивниот морал. И освен таа легенда не постои ништо друго.

Не постои ниту еден доказ за мечот, Мерлин и витезите. И покрај недостатокот на докази за неговото постоење, сè уште постојат бројни историчари кои веруваат дека кралот Артур постоел и дека е потребно време за да се пронајдат докази за неговото постоење.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

23 Урнебесни готварски фејлови со торти

Бенкси доцртал количка од супермаркет на познатата слика на Моне, па ја продал за речиси 10 милиони долари