Кога Снџај Гупта бил дете, неговото семејство доживеало трауматичен настан: таткото на Гупта бил ограбен.
Ужасно искуство. Но, години подоцна, кога Гупта му ја раскажал случката на наставникот, тој му посочил лекција извлечена од приказната што Гупта претходно не ја уочил: Лошите луѓе може да ти го украдат имотот, но не може да ти го одземат умот.
Таа лекција останала со Гупта и откако станал успешен неврохирург и служел како главен дописник за медицински услуги на Си-ен-ен. Но, тој извлекол и друг заклучок од неговата работа: додека другите можеби не можат да ти го украдат умот, тоа не значи дека ќе го искористите умот со целиот негов капацитет.
Според Гупта, постојат „пет столба на здравјето на мозокот“, активности кои, според постојните научни докази, се основа за добра когнитивна функција низ целиот животен век.
Еве кои активности Гупта вели дека треба да ги вметнете во вашиот живот.
1. Движете се
– Вежбајте и аеробни и други вежби – не само што се добри за телото туку се добри и за мозокот. Врската помеѓу физичкиот фитнес и фитнесот на мозокот е јасна, директна и моќна – вели Гупта.
Ако не вежбате, тој препорачува 5 до 10 минути брзи вежби (30 секунди движење при голем напор и 90 секунди пауза), со цел да стигнете до 20 минути вакви вежби најмалку трипати во неделата.
Други едноставни совети се движење или шетање кога зборувате на телефон, избирање скали наместо лифт и паркирање подалеку од местото каде што сте се упатиле.
2. Откривајте нови работи
Учењето нешто ново го зајакнува мозокот. Кога ќе научите нешто ново, го вежбате мозокот. Тоа ви овозможува да ги насочите вниманието, фокусот и концентрацијата кон нови височини.
– Прочитајте книга што е не е од ваш професионален интерес;
– Одете на час по сликање или готвење и побарајте други курсеви за образование на возрасни;
– Придружете се на група за пишување;
– Обидете се да научите нов јазик.
3. Опуштете се
– Опуштањето не е важно само за телото, туку и за мозокот. Голем број добро дизајнирани истражувања рутински покажуваат дека слабиот сон може да доведе до нарушување на меморијата и дека хроничниот стрес може да ја наруши вашата способност да учите и да се приспособувате на нови ситуации – вели Гупта.
Со други зборови, една од најважните работи што можете да ја направите за вашиот мозок е да му дадете време да се одмори или да спие.
Исто така, Гупта советува да:
– Оставате околу три часа помеѓу вечерата и спиењето, што ќе му овозможи на вашиот стомак да се смири;
– Не внесувате кофеин по 14:00 часот;
– Одржувајте редовни навики во спиењето: да си легнувате приближно во исто време секој ден;
– Читате книга или да си подготвите топла бања пред спиење;
– Тивка, темна спална соба без никаква електроника.
4. Исхрана
Според Гупта, неодамнешните докази покажуваат дека со консумирање одредена храна и ограничување на друга може да спречите опаѓање на меморијата и на функционирањето на мозокот, како и да го заштитите мозокот од болест и да ги максимирате неговите перформанси.
Совет: Појадувајте како крал, ручајте како принц, а вечерајте како селанец.
Гупта исто така го препорачува методот SHARP:
– Исфрлете го шеќерот од исхраната;
– Хидрирајте се;
– Додајте повеќе омега-3 од природни извори;
– Намалете ги порциите;
– Планирајте ги оброците однапред.
Уште еден едноставен совет од Гупта: – Пијте наместо да јадете.
– Честопати го мешаме гладот со жедта – вели Гупта. Но, дури и умерена дехидратација може да го прекине вашиот ритам на мозокот.
5. Поврзете се
Истражувањата одамна укажуваат дека добрите односи придонесуваат за поздрав и посреќен живот. Но, според Гупта, поновите истражувања ни велат дека односите можат да ја подобрат способноста на мозокот да се менува и приспособува и да ги зачуваат неговите когнитивни способности.
Совет: Ако сте изолирани, Гупта вели да си поставите цел повторно да се поврзете со некој со кој не сте разговарале подолго време.
Можете да пробате и:
– Да се дружите со луѓе постари и помлади од вас;
– Волонтирање;
– Пишување писмо до помлада личност во семејството, пренесувајќи ѝ ги лекциите што сте ги научиле во вашиот живот;
– Посвојување домашно милениче;
– Ако се чувствувате изолирано, побарајте стручна помош.
– Не заборавајте дека мозокот има способност да се приспособува и да се менува. Може да се обликува преку вашите искуства и навики, и сето тоа може да се постигне за само 12 недели. Исто како да го вежбаш кој било друг мускул – вели Гупта.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден