во ,

5 Вознемирувачки документарци кои докажуваат дека вистината понекогаш е пострашна и од хорор филм

Што би направиле доколку некој ви стави бомба околу вратот и ве натера да ограбите банка? Доколку некој ве киднапира пред вашата куќа и од вашите родители, доколку би заглавиле во ладна вода во мрак и без воздух?

Документарците знаат да бидат возбудливи, но исто така и вознемирувачки како и просечните хорор филмови, а овие филмови се доказ за тоа.

1. „The Disappearance of Madeleine McCann“

Во текот на 2007-та година Меделин МекКан исчезнува во текот на одморот со своите родители, во некој ресорт во Португалија. Нејзините родители ја оставиле Меди и нејзините две братчиња да спијат во соба, а вечерта заминале со пријателите на вечера. Кога се вратиле, забележале дека Меди ја нема. Следните денови настанува „лудница“ во истрагата, а во еден момент дури и главниот истражител е осомничен. Меди не е пронајдена до денешен ден.

2. „Last Breath“

Отвореното море знае да биде страшно, а уште пострашно доколку се најдете заробени на 100 метри под површината во ладна вода и во темница. Токму тоа му се случило на Крис Лемснс во 2012-та година. Во тоа време тој работел на брод, а додека правел некакви поправки на дното на Северното море, временска непогода предизвикала превртување на чамецот и прекин на дотокот на воздух. Во овој документарец прикажани се и интервјуа и снимки од безбедносните камери на бродот.

3. „Three Identical Strangers“

Филмот започнува така што Боби Шафран откако тргнува да оди на факултет дознава дека има брат близнак. Потоа работите почнуваат да стануваат чудни. Кога нивната фотографија завршува во весниците, се јавува и трет човек за кој што се покажало дека е нивниот трет идентичен брат. Тројцата почнуваат да истражуваат за да дојдат до одговорот зошто ги раздвоиле.

4. „Abducted in Plain Sight“

Во текот на 70-те години, 12-годишно девојче од америнаски град било киднапирано од пред куќата на своите соседи – двапати. Во овој филм има безброј неверојатни и чудни пресврти.

5. „There’s Something Wrong with Aunt Diane“

Во 2009-та година Диана Шулер возела по автопат со брзина од 140 км/ч. – во погрешен правец, а во еден момент предизвикува сообраќајна несреќа во која што загинале осум луѓе, вклучувајќи ја и Диана, нејзината ќерка и три нејзини внуци. Аутопсијата покажала дека Диана била во алкохолизирана состојба во моментот на сообраќајната несреќа. Нејзиниот сопруг тврдел дека таа никогаш не се опивала. Документарецот се занимава со настаните кои што ѝ претходеле на несреќата и се обидува да објасне што всушност се случило тој ден.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ало, пасвордот за интернетот не ми работи!

8 Интересни факти за британската кралска гарда: Ако се насмевнат, ќе платат казна…