во ,

5 Работи кои секој Македонец ги лечи со ракија

Бидејќи не постои Македонец кој не верува дека ракијата е „света вода“ на овие простори, издвојуваме 5 мачнини кои секој Македонец ги лечи со неа:

Болно грло

Изговор: „Греана ракија со потпечен шеќер е супер лек. До утре ќе бидеш како нов!“

Болка во заб

Изговор: „Ракијата е супер за дезинфекција и има дејство на аналгетик. Плус, нема несакани дејства.“

Инфицирани рани

Изговор: „Капни малку на самото место за да го дезинфицираш. Напиј се и 2-3 голтки за да се дезинфицираш однатре.“

Настинка

Изговор: „Мајка ми и татко ми не ме буткаа со апчиња. Ќе ме измасираа со ракија, ќе ми залепеа едно пешкирче и се будев без температура и затнат нос.“

Мамурлак

Изговор: „Знаеш… Клин со клин.“

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 Парчиња накит чија вредност на прв поглед не е јасна

21 Луѓе кои се одликуваат со вешти раце и имагинација