Што ако останете без вода во природа, како да запалите оган на ветровито време, што ако ви се расипе автомобилот настрана од населено место – добро би било да знаете како можете да се снајдете во овие ситуации.
Колку и да внимаваме, некогаш незгодите се неизбежни, па добро би било да бидете подготвени за вакви ситуации.
Во продолжение можете да погледнете неколку совети и трикови што можеби ќе ви се најдат ако се соочите со некоја незгода:
Ако немате вода во природа
Ако останете без вода во природа, секогаш можете да соберете мало количество од росата, и тоа на навистина едноставен начин.
- Најпрво најдете место со доволно роса, најдобро некоја ливада. За најдобар резултат, правете го ова наутро.
- Соберете ја росата од тревата со ткаенина што впива течност, како маица од памук или крпа.
- Исцедете ја водата од ткаенината во чаша или сад.
Како да запалите оган кога е ветровито?
Иако палењето оган на ветровито време изгледа како вистински предизвик, сепак не е невозможно.
- Најпрво најдете место кое е колку-толку заштитено од ветрот.
- Соберете суви растенија за потпалување, како и дрва, прачки и гранчиња.
- Материјалот за потпалување ставете го на купче, а најгоре ставете ги најсувите гранчиња. Можете и да ги прицврстите со конец.
- Со прачките направете еден вид конус околу материјалот за потпалување, како на илустрацијата десно.
- Најлесно ќе го запалите огнот со хартија испрскана со масло.
Што ако ви се расипе автомобилот надвор од населено место?
Ако се најдете во ваква ситуација, можете да направите неколку нешта додека да стигне помош.
- Ако имате телефон, нормално, прво јавете се на кој било за да ви помогне.
- Ако немате никаков сигнал на телефонот, подгответе се да ја поминете ноќта во автомобилот – заклучете ги вратите и затворете ги прозорците.
- Ако е доцна, најдобро почекајте до утрото за да побарате помош од другите возачи.
- Следното утро, ако приближно знаете каде сте, изодете до најблискиот град, село или бензинска станица за да побарате помош.
Ловење риба без јадица
Ако немате јадица, можете да направите импровизирана стапица за риби со пластично шише.
- Исечете го горниот дел од шишето – околу третина од неговата должина.
- Поголемиот дел направете го замка со црви и малку земја.
- Ставете го помалиот дел наопаку во поголемиот, како на илустрацијата.
- Заврзете ја стапицата со конец, оставете ја во водата и одвреме-навреме проверувајте ја.
Што ако снема струја и немате свеќи?
Ако снема струја навечер, а вие сте без свеќи, можете да импровизирате со продукти што ги имате дома.
Свеќа од путер
- Ако имате фитил за свеќа, искористете го. Ако не, можете да си направите со тоалетна хартија. Свиткајте го парчето тоалетна во нишка, така што ќе наликува на фитил.
- Исечете коцка путер и ставете ја во огноотпорен сад, а во средината направете дупка за фитилот со чепкалка за заби.
- Ставете го фитилот во дупката со помош на чепкалката. Имајте на ум дека фитилот треба да биде малку подолг од парчето путер за да можете да го запалите.
- Намачкајте го горниот дел од фитилот со малку путер и запалете го.
Свеќа од портокал
- Исечете го портокалот на половина и внимателно отстранете ја лушпата. Осигурете се дека нема да го отстраните малото бело стебленце кое се наоѓа во средината.
- Наполнете ја лушпата со сончогледово или маслиново масло и запалете го стебленцето.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден