во , ,

6 убавици по кои сите „лудуваа“ во ’80-тите години

Се сеќаваме на незаборавните осумдесетти години по чудните фризури, кичестата мода, култната музика, филмови и серии, но и по прекрасните славни личности кои ја одбележаа таа деценија.

Постарите генерации ги паметат, а помладите можеби прв пат ќе се сретнат со нив.

Ова се 6 најголеми убавици кои бea популарни во 80-те години:

1. Брук Шилдс

Штом се појави на сцената, актерката Брук Шилдс го воодушеви светот со својата убавина. Во втората половина на 80-тите години, Брук прерасна во убава млада жена и, во годините што следеа, изгради успешна актерска кариера.

Најмногу ја паметиме по улогата во филмот „Сина лагуна“, снимен кога славна убавица имала само 15 години.

2. Фара Фосет

Актерката Фара Фосет е, исто така, голема икона на осумдесеттите години. Фосет стана популарна во 1970-тите години како секс симбол, откако се појави во телевизиската серија „Ангелите на Чарли“.

Неколку пати е номинирана за Еми и Златен глобус.

3. Хедер Локлир

Хедер Локлир е американска актерка, најпозната по нејзините телевизиски улоги, меѓу кои се Семи Џо Карингтон, од популарната серија што редовно ја гледале нашите родители – Династија.

4. Ким Бесинџер

Ким Бесинџер е американска филмска актерка со шведско, ирско и чероки потекло. Добитничка е на Оскар и рангирана е на 12-то место на списокот на „Плејбој“ на најсекси жени на 20 век.

5. Софи Марсо

Софи Марсо е француска актерка, најпозната по улоги во филмовите: „Braveheart“ со Мел Гибсон, „Ана Каренина“ и „The world is not enough“ со Пирс Броснан во еден од филмовите за Џејмс Бонд.

6. Кристина Еплгејт

Кристина го направи своето деби на телевизија со само три месеци, појавувајќи се со нејзината мајка во американската сапуница „Нашите најдобри денови“.

Но улогата што навистина ја одбележа кариерата на Кристин Еплгејт беше онаа во популарната серија „Married… with Children“ во која го отелотвори ликот на Кели Банди.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Бетмен и Супермен се одложени, ова се новите суперхерои

Што правиш, како се снаоѓате со карантинот?