Луксузот во кој што уживаат мултимилијардерите на јахтите кои што крстарат на Јадранот тешко е да се замисли, а сумата која што ја трошат за истите ”тежи” милиони.
Ќе ви претставиме некои од најатрактивните јахти кои што го одземаат здивот, а со кои што Јадранот го обиколуваат светските ѕвезди и милијардери.
„Flying fox“ е најголемата јахта на светот достапна за чартер, а доколку одлучите седум дена да пловите во голем стил, тогаш подгответе 3 и пол милиони евра.
Таа е долга 136 метри и се доведува во врска со милијардерот Џеф Безос, а може да собере околу 25 гости кои што ги послужуваат 54 членови на посадата. Со еден збор – луксуз на квадрат.
Како што знаеме деновите во Хрватска ги поминува и еден од најголемите милијардери и крал на социјалната мрежа Инстаграм – Дан Билзериан.
Тој ужива на јахтата „Silver Angel“, а за нејзините 15 гости се грижат 19 членови од посадата. Џакузи, теретана, базен…
По Јадранот оваа недела пловела и суперлуксузната јахта „Ulysses“.
Таа е долга 116 метри, а нејзината вредност се проценува на 250 милиони долари.
Нејзин сопственик е Холанѓанецот Граем Ричард Харт.
Таа има простор за 66 гости, поседува хелидром и многу луксуз, а за секој случај поседува и дополнителна 21-метарска јахта „Princess“.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден