во , ,

6 Чудни работи што може да ги видите само во Русија

Русија е земја полна со многу чудни работи. Некои се толку чудни што не постојат на друго место, главно затоа што остатокот од светот не може да замисли да учествува на натпревар во пливање со гумени кукли или празник посветен на создавање бебиња.

Еве некои работи што се вообичаени за Русите, а чудни за остатокот од светот.

Споменик на деликвенцијата

„Децата се жртви на пороците на возрасните“ е застрашувачка и бизарна колекција од 13 скулптури надвиснати над две невини деца кои си играат со топка. Тринаесетте статуи претставуваат несреќи, како што се зависност од дрога, сиромаштија и деликвенција. Исто така, постои и статуа на човек со затворени очи и затворени уши, што симболизира личност која дозволува лошите работи да стигнат до две невини деца.

Празник посветен на правење бебиња

Поттикнувањето на наталитетот е често во регионот Улјановск, каде што населението има празник што подразбира отсуство од работа за семејствата да прават бебиња. Денот на зачнувањето се слави на 12 септември и е еден вид натпревар. Секој што ќе добие бебе по девет месеци, може да освои награда – пари, автомобил или апарати за домаќинството.

Воен „Дизниленд“

Паркот на патриотизмот во Русија е наменет за деца на училишна возраст. Главните предмети во „рускиот Дизниленд“ се тенкови, фрлачи на гранати и разновидно оружје.

Пливање со кукли

Дури и во лето езерата и реките во Русија се многу студени. Освен студот, предизвикот, кој се организира секоја година во август, на реката Об во Русија, вклучува пливање каде што учесниците можат лесно да се удават, но поради смеење. Трката во пливање е специфична по тоа што пливачите со себе носат партнерки од гума. Натпреварот е наречен „Гумена жена предизвик“ и бара од пливачите да пливаат 100 метри со кукли што претходно ги надувале. Предизвикот е тежок бидејќи учесниците постојано се смеат, а овие кукли не се дизајнирани да лебдат на вода. Петте натпреварувачи што ќе пристигнат први се очекува да добијат парична награда.

Музеј на вотката

Овој уникатен музеј во Русија ја раскажува целата приказна за вотката – од потеклото и првите шишиња од овој алкохолен пијалак до неговата позиција во современиот свет. Она што остава посебен впечаток кај посетителите е амбалажата во форма на човечко тело и оружје, како и затворачи во форма на човечка глава, животни, митолошки суштества. На крајот од турнејата посетителите можат да очекуваат дегустација и да посетат продавницата за сувенири, како и ресторан, каде што со традиционалното јадење боршч гостите можат да продолжат да уживаат во пијалакот.

Руска вселена

Русија одамна е опседната со вселената. Многу згради изгледаат како вселенски бродови. Русите имаат и ден посветен на астронаутот Јуриј Гагарин и го нарекуваат Јуријевата ноќ, а се слави на 12 април. Во Русија се наоѓа и рускиот музеј за космонаути. Патот до музејот, космонаутската алеја, е украсен со споменици направени за да го имитираат Сончевиот Систем, како и врежани бисти на астронаути.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

10 Најдобри филмови за 21. век: Дали сте гледале некој од нив?

Лапсусот на црногорската водителка стана хит, ваква временска прогноза не сте слушнале досега