Начинот на кој се однесувате кон парите, па дури и положбата на метлата во куќата, велат нашите стари, може да влијаат на финансиската ситуација во домот.
Платата треба да преноќи – За парите кои сте ги заработиле да ја засакаат вашата куќа, оној ден кога ќе ја добиете платата немојте да трошите ниту денар. Целата сума, според верувањето, треба да преноќи во вашиот дом.
Кога ќе позајмувате пари и барате покачување – Покачувањето треба да го барате во среда за време на денот. Не позајмувајте пари на пријателите и познаниците во вторник. Како што се верува, наутро треба да давате и земате заем, затоа што било какви операции со пари кои ги извршувате навечер водат во пропаст. Обидете се никогаш да не барате заем, а често давајте пари на оние кои од вас бараат бидејќи така ќе ги програмирате да ви се вратат на друг начин.
Куќни правила за полн буџет – Пари нема да има ако ги чистите трошките со рака. На соседите не треба да им позајмувате леб или сол бидејќи паричната сигурност може да го напушти вашиот дом. Џебовите од облеката која виси во орманот наполнете ги со метални и книжни пари. Парите не сакаат скинати џебови или испаднати копчиња. За во куќата да има пари, метлата треба да ја поставите со дршката надолу.
Направете триаголник од 10 денари – Во најмалата преграда од паричникот чувајте банкнота од 10 денари свиткана во триаголник. Исто така, во паричникот треба да постои и среќна монета – први заработени пари или добиени од добар човек. Таа монета не треба да ја трошите – таа е талисман на финансиската сигурност. Во спротивно, парите може да се налутат и да не доаѓаат до вашите раце.
Никогаш не го чувајте паричникот празен, во него нека има барем по некој денар. Сите пари мора со главната страна да бидат свртени кон газдата. Во куќата или станот година дена треба да чувате крупна банкнота, која ќе се наполни со вашата енергија и ќе почне да привлекува пари.
Не крадете туѓа среќа – Добиените пари на коцка, нечесно заработени, најдени или искинати, не носат среќа и затоа не треба да ги задржувате во вашиот паричник. Поделете ги со сиромашните или брзо потрошете ги.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден