во , ,

6 Морничави приказни за страшните кукли, после кои нема да можете лесно да заспиете

Куклите отсекогаш предизвикаа кај луѓето непријатност или страв. Затоа и постојат толку многу филмови во кои токму куклите се главни ликови. Сите се сеќаваме на „Chucky“, „The Boy“, „Annabelle“ или страшната епизода на Зона на Самракот „Living Doll“.

Со децении неживите предмети кои наеднаш оживуваат ги плашеле луѓето, а како што вели поговорката, во секоја измислена приказна има малку вистина.

Ова се неколку морничави приказни за страшните кукли, после кои нема да можете лесно да заспиете:

Куклата во сликата

Приказната започнува во 1972 година кога уметникот по име Вилијам Стонхем имал краен рок за да ја доврши својата слика. Тој одлучи да ја користи песната која неговата жена ја напиша како инспирација за сликата. Оваа инспирација доведе до создавање на страшната слика наречена „The Hands Resist Him“.

Ова дело го симболизираше детството на Стонхем со неговите посвоители. Сликата се состои од едно момче кое стои пред прозорецот со морбидна кукла која стои зад него.

Сликата е продадена на актерот Џон Марли на настанот организиран од Чарлс Фејнгартен. На настанот присуствуваше и уметничкиот критичар, Хенри Селдис. Сите тројца починале после три години. За ова беше обвинета „злобната“ слика.

Истата се најде во центарот на вниманието повторно во 2000 година, кога нејзините тогашни сопственици ја ставиле на листата за продажба на eBay.

Сопствениците, наводно, поставиле камера со сензор за движење во просторијата каде што била сликата, откако нивната четиригодишна ќерка им кажала дека момчето и куклата влегувале во нејзината соба во текот на ноќта.

Камерата, наводно, го снимила момчето како излегува од сликата.

Анабела

Во 2016 година, 33-годишната Натали Мелон од Глазгов доби 100-годишна кукла која пријателот на нејзиниот татко ја пронајде на таванот. Мелон е собирач на антиквитети, па иако куклата ѝ била малку морничава, реши да ја чува и ја нарече Анабела. Потоа почнаа да се случуваат чудни работи во куќата на Мелон.

Еден од нејзините пријатели една вечер слушна бучава од спалната соба, а кога ја отвори вратата следното утро, Анабела била веднаш зад неа. Пријателот ја праша Мелон дали ја ставила Анабела таму, како шега, но Мелон го негирала ова.

Понатаму, четирите кучиња на Мелон одбивале да влезат во собата кога Анабела била во неа.

Сарита

Во 2017 година, едно семејство во Перу го сподели своето застрашувачко искуство со куклата наречена Сарита. Приказната започнува кога Ивон Нунез добива кукла од нејзината внука.

По смртта на нејзината внука, Ивон ја чуваше куклата како потсетник. Сарита има руса коса и сини очи и ја пее песната „Our Father“ кога ќе и го притиснете копчето на градите. Наскоро куклата почна да пее сама од себе, без некој да ја допре.

Покрај тоа, семејството наутро ја наоѓаше Сарита на повеќе места низ куќата, иако била оставена на само едно место. Најстарата ќерка, Енџи, тврдеше дека куклата ја гледала од аголот на собата секоја ноќ.

Енџи и нејзините двајца браќа сакаат да ја фрлат куклата, но нивната Ивон не сака да го направи ова. Куклата Сарите е единственото нешто што ја потсетува на нејзината покојна внука која извршила самоубиство.

Руби

Приказната за Руби е повеќе тажна отколку страшна. Се вели дека Руби била омилената кукла на едно мало девојче кое се разболело и умрело со куклата во рацете. Руби потоа се пренесувала низ генерации во семејството.

Руби после некое време почнала да се движи и да прави чудни звуци.

Руби на крајот завршува во Патувачкиот музеј на паранормалното и окултното, каде што почнуваат да се случуваат чудни работи.

Речиси половина од сите посетители на музејот ја земале Руби во свои раце и ја лулкале и тешеле, сосема несвесни за своите постапки. Се верува дека девојчето кое починало е сè уште поврзано со Руби.

Кукла со врзани очи

Во 2014 година во Сингапур е пронајдена чудна кукла со врзани очи, потпрена на дрво. На превезот на арапски јазик беше напишан зборот „bismillah“. Веднаш почна да се шпекулира дека куклата е проколната и дека не смее да ѝ се извади превезот.

Наводно куклата сама се движела кога сопственикот не бил дома, зборувала на малајски јазик и ја вртела главата. Сопственикот бил толку изненаден што ѝ ставил превез преку очите и ја оставил под дрвото, за да не може да го пронајде патот назад.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

8-те најголеми скулптури во светот

6 теории за тоа зошто сè уште не успеавме да ги откриеме вонземјаните