во , ,

6 Животни што изгледаат многу страшно, но не се опасни за луѓето

Некои животни изгледаат навистина слатко, но се опасни предатори на кои не треба да им се приближувате.

Од друга страна, постојат животни чиј изглед нè заплашува, но во реалноста тие се питоми и тешко дека некогаш ќе нападнат човек.

Кои навидум страшни животни, всушност не се опасни за нас луѓето?

Голема ајкула – Cetorhinus maximus

Оваа ајкула е втората најголема риба во светот и може да достигне должина до 7,9 метри.

Големата ајкула се храни со планктони така што плива со отворена уста и ја филтрира водата. Наводно, низ нејзините големи жабри секој час минуваат и до 1,5 милиони литри морска вода.

Иако е огромна и изгледа страшно, големата ајкула е релативно безопасна риба.

Доколку не ги задевате, најверојатно нема да ве повредат и според експертите овие ајкули не прават проблеми ако околу нив има нуркачи или бродови.

Млечна змија – Lampropeltis triangulum

Овие влекачи се подвид на таканаречените кралски змии. Поради нивниот изглед, често се помешувани со други, поопасни видови, но овие змии не се отровни и не претставуваат опасност за луѓето.

Експертите веруваат дека изгледаат како опасна отровна змија со цел да се заштитат од предатори.

Млечната змија живее во Канада и источната половина на САД.

Џиновска манта раја – Mobula birostris

Постојат неколку видови манта раи, а најголемиот е познат како M. birostris или џиновска манта раја. Распонот на перките на овие суштества може да достигне и 7 метри.

Овие манти живеат во тропски и суптропски области и се хранат со планктони. Слично како големите ајкули, и тие пливаат со отворена уста, така собирајќи ги планктоните од водата.

Иако се огромни, овие суштества не претставуваат опасност, па дури и покажуваат заинтересираност кога им се приближуваат луѓе.

Кит-ајкула – Rhincodon typus

Уште една ајкула на листата. Кит-ајкулата е најголемата риба во светот и во нејзината уста слободно може да собере цел човек.

Женките до овој вид, кои обично се поголеми од мажјаците, можат да достигнат должина и до 20 метри.

Сепак, овие морски џинови се безопасни и генерално се хранат со планктони. Тие се нежни суштества и најчесто ги игнорираат луѓето.

Кинески џиновски опашкар (саламандер) – Andrias davidianus

Кинескиот џиновски опашкар е еден од најголемите водоземци на светот и е ендемичен вид во централна Кина.

Возрасните единки можат да достигнат должина од 1,2 метри, а тежина од 30-тина килограми.

Ако ги видите во живо, веројатно би ве исплашиле, но овие водоземци се питоми и срамежливи ако не ги задевате.

Сепак, не е препорачливо да ги допирате бидејќи маслата од нашата кожа можат да им нанесат сериозна штета.

Тарантула – Theraphosidae

Ако имате страв од пајаци, знаеме дека нема да ве убедиме дека тарантулите се безопасни, но ова сепак е факт.

Иако се огромни и можат да изгледаат мошне страшно, овие пајаци навистина не се опасни. Нивниот отров не може да ви направи поголема штета од убод од пчела. Единствено, ако ве каснат, можете да почувствувате малку посилна болка.

Како и повеќето суштества на листава, тарантулата ќе ве нападне само ако ја провоцирате или ако ја исплашите. Ако сте нежни и внимателни, нема да се соочите со никаков проблем.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тип вози кола, одеднаш БАМ, некој го удира…

15 Фотографии докажуваат дека речиси секое парче мебел заслужува втора шанса