Готвење
Момчето и девојката водат сериозен разговор пред венчавката.
Момчето ја прашува девојката: „Дали ќе ми готвиш сѐ додека смртта не нѐ раздели?“
Девојката му одговара: „Ако почнам да ти готвам, смртта брзо ќе нѐ раздели!“
Незадоволство
Ако мажот не се чувствува среќно и задоволно откако купил нов автомобил, тоа значи дека најверојатно го купил за сопругата и морал самиот да го плати.
Средба
Мажот добива порака од пријателот: „Здраво брат, како си?“.
„Ништо еве во болница…“ – одговара мажот.
„Како бе во болница, пред еден час те видов како разговараш со една згодна девојка низ град. Што се случи?“ – го прашува пријателот.
„Ништо бе брат, и жена ми ме видела!“ – одговара пријателот.
Славење
Брачен пар вечерал во ресторан, а до нив на масата седел човек во видно алкохолизирана состојба. Сопругата почнала упорно да зјапа во него, заради што сопругот ја прашал:
„Што зјапаш толку? Да не го познаваш случајно?“
„Да! Тоа ми е бившиот сопруг и не престана да пие откако го оставив пред седум години“ – одговорила жената.
„Како да не! Не верувам дека некој може толку долго да слави!“ – рекол сопругот.
Пекол
Една девојка си дошла дома мошне тажна, па почнала да ѝ раскажува на мајка ѝ:
„Мамо, Трпе ме побара за жена…“
„Добро, зошто си тажна тогаш?“ – прашала мајката.
„Затоа што ми кажа дека е атеист и не сака да се венчаме во црква. Мамо, тој дури и не сака да верува дека постои пеколот…“ – одговорила девојката.
„Не грижи се… Тука сме ние, ќе му покажеме дека треба да верува!“
Фит пар
Повозрасен брачен пар бил на посета кај лекар, па ги прашале во што е нивната тајна за добро здравје и младовечност, на што дедото почнал да раскажува:
„Ние сме во брак 75 години. Кога се земавме ѝ ветив на жена ми дека секојпат кога ќе се скараме ќе пешачам по 5 километри и така овие 75 години секој ден пешачам по толку…“
Докторот на ова одговорил:
„Браво. Тоа е супер… Ама како и сопругата е во топ форма?“.
Дедото одговорил:
„Е па инает жена. Секој ден оди по мене да провери да не лажам и дали пешачам точно по пет километри…“
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден