Без разлика дали слушате музика или читате книга, следниот пат кога ќе бидете во авион, погледнете наоколу. Може да забележите многу интересни детали познати само за екипажот. Не е случајно што летате во одреден вид авион додека сте на долг лет и дека вашето седиште е сино.
Како е изградена кабината
Следниот пат кога ќе летате, без разлика дали станува збор за краток или долг лет, обрнете внимание на видот на авионот во кој се наоѓате. За подолги летови авиокомпанијата одвојува поголеми авиони, на пример, „Ербас 350“ . Благодарение на тоа, патниците имаат повеќе простор за да им биде удобно.
Разлики во седиштата
Ако имате долг лет, веројатно ќе имате и повеќе простор. Да продолжиме со нашиот пример за Ербас 350, кој обично лета на долги релации. Тука просторот меѓу седиштата е поголем па дури и перниците се со подобар квалитет. Покрај повеќе простор за нозете има и повеќе простор помеѓу потпирачите за раце.
Како циркулира воздухот
Покрај „Ербас 350“ има и друг популарен вид на авион за долги релации, тоа е „Дримлајнер“ (Боинг 787-9). И во двата авиони воздухот во кабината е многу повлажен поради посебен систем за вентилација. Затоа вашата кожа и очи не се толку суви како што би биле ако летате во друг авион. Воздухот циркулира во внатрешноста на кабината во просек на секои 3 минути.
Различни видови прозорци
Кога сме кај „Дримлајнер“, на овој авион, прозорците се 30% поголеми во споредба со оние во слични авиони. Покрај тоа, секој патник има електронски затемнувач покрај своето седиште. Стјуардесите можат автоматски да ги осветлуваат или затемнуваат прозорците.
Задните седишта се побезбедни
Не знаете каде точно да го резервирате вашето место следниот пат кога ќе летате? Според студиите, ако имате седиште во задниот дел на авионот, за 40% е поголема веројатноста дека ќе преживеете во авионска несреќа.
Зошто авионите вртат околу аеродромот
Постојат случаи кога авионите кружат околу аеродромот малку подолго. Ова обично се случува кога слетувањето не било успешно, или има премногу авиони на пистата, да тие исто така имаат застој и сообраќаен метеж.
Зошто авионите имаат сини седишта
Постои причина зошто седиштата во повеќето авиони се сини. Оваа боја има за цел да ве смири и да ви помогне да се опуштите. Познато е дека црвената боја ги прави луѓето свесни за опасноста и ги потсетува на знаците во сообраќајот.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден