во , , ,

7 Неверојатни факти за Мртвото Море што сигурно не сте ги чуле досега

Мртво Море, Морето на смртта и Лотово Море се само дел од имињата за соленото езеро помеѓу Јордан и Израел, кое може да се пофали со соленост од 33 проценти. Тоа е едно од најинтересните езера во светот. Мирната, густа вода ги привлекува луѓето веќе илјадници години. Ако и вие го обожавате Мртвото море, тогаш прочитајте ги следниве неколку интересни факти кои сигурно не сте ги знаеле досега.

1. Мртвото Море е најголемата светска депресија. Ова солено езеро се наоѓа на 400 метри под површината на светското море, на Блискиот Исток, меѓу државите Јордан и Израел, со длабочина околу 400 метри.

2. Поради пустинската клима која преовладува, со температура од 40 степени Целзиусови во летниот период доаѓа до испарување, па нивото на Мртвото Море не расте. Од друга страна, дождовите се многу ретки во оваа област.

3. Соленоста изнесува околу 33 проценти. За споредба, Средоземното Море има 3 проценти соленост. Сепак, Мртвото Море не е најсоленото езеро на светот. Посолено од него е Асалското езеро, во источна Африка (35 проценти) и езерото Дон Жуан, на Антарктикот (40 проценти соленост).

4. Поради високиот процент на соленост, услови за живот речиси и да нема. Во овие води можат да преживеат само ретки микроорганизми, како анаеробените бактерии.

5. Солта и минералната вода имаат позитивно дејство на здравјето на човекот. Затоа и воопшто не е чудо што уште во времето на Херод, го посетувале луѓе заболени од псоријаза и други кожни болести, како и болести на коските како остеопороза и артритис.

6. Поради големиот процент на соленост, водата е многу густа што го оневозможува пливањето и никој не може да потоне. Сепак, тоа не значи дека ова место не е опасно. Службата за спасување редовно ги предупредува туристите да не пијат вода од ова езеро, бидејќи консумирањето поголема количина може да доведе до нарушување на рамнотежата на електролитите во организмот и да предизвика оштетување на работата на некои органи. Во Мртвото Море е забрането нуркање и скокање, со цел да се избегне контакт на солта со очите.

7. Многумина тврдат дека ова езеро е лековит рај, а неговата кал се користи во многу производи за убавина. Лековитата кал од Мртвото Море ја користеле и старите Египќани за мумифицирање на мумиите.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

24 вистински гении кои заслужуваат да бидат советници на Елон Маск

21 Патници кои сфатиле дека се превисоки за во Јапонија