За да водите длабока дискусија со некого, ви треба блиска поврзаност или долгогодишно познавање. Но, ако сакате да процените некого од прво или второ гледање, наместо да отворате непријатни теми, поставете му 7 клучни прашања.
Врз база на одговорите лесно ќе му го прочитате карактерот.
1. Дали би го отворил/а пликото во кое го пишува денот кога ќе умреш?
Од одговорот ќе го процените нивото на фатализам на личноста, како и генералниот став кон животот, дали е задоволен и исполнет од него или не.
2. Дали би сакал/а да се имаш себеси за пријател?
Од одговорот ќе откриете: нивото на самодоверба, добрите и лоши страни, како и нивото на емпатија.
3. Што правиш поразлично во твојот живот, за разлика од другите луѓе?
Од одговорот повторно ќе може да ја процените самодовербата на човекот, како и смислата за хумор или „лудилото“ од кое страна, како и степенот на уникатност и индивидуалност.
4. Ако партнерот никогаш не дознае за твоето ненамерно неверство за било што, во било каков облик, дали би можел/а да живееш така до крајот на животот или ќе мораш да признаеш?
Наједноставен начин да откриете каква е моралната вредност на личноста пред вас, како и нивото на искреност кон другите.
5. Дали имаш чувство дека денешниот ден веќе си го преживеал/а стопати претходно?
Според одговорот ќе откриете дали личноста само постои на овој свет или пак својот живот го исполнува со важни обврски и задачи.
6. Да направиш кривично дело за да си го нахраниш своето гладно дете – дали е лошо дело или неопходно дело?
Повторно, ставен на тест е моралот, како и ставот кон семејството.
7. Ако те плаќаат во големи количини на среќа, наместо во пари, што би работел/а?
Многу едноставно – ќе ги откриете најголемите желби и надежи на личноста, како и она очајно ѝ недостасува.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден